Шест милиони туристи ја посетиле Хрватска
Загреб - Шест милиони и 130 илјади туристи ја посетиле Хрватска во првите седум месеци од годинава, што е за три отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Годинашната туристичка сезона поминува подобро од очекуваното. Најголем раст се бележи кај бројот на туристи од Полска, Шпанија, Холандија и државите од поранешна Југославија.(Макфакс) |