Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Демир-Халк банка со дозвола за купување над 50 отсто од ИК банка

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија и' даде согласност на Демир-Халк банка од Ротердам, Холандија, за стекнување над 50 отсто од вкупниот број акции на Извозна и кредитна банка АД Скопје. НБРМ соопшти дека трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 180 дена од денот на добивањето на согласноста од гувернерот.

Демир-Халк банка е деловна банка, која врз основа на дозвола од Централната банка на Холандија работи од 1992 година. Седумдесет отсто од акциите се во сопственост на финансиската холдинг- компанија ХЦБГ Холдинг БВ, а 30 проценти се во сопственост на Халк банка. Банката е со седиште во Ротердам, Холандија. Има филијали има во Холандија, Германија и Белгија, како и претставништво во Турција.

Согласно со ревидираните консолидирани финансиски извештаи за 2007 година банката има финансиски потенцијал од 1,9 милијарди евра, капитал од 211,6 милиони евра и финансиски резултат од 18,7 милиони евра. (МИА)


Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
ССМ ќе штрајкува ако нема расправа за измените во Законот за работни односи
Колку „швајцарско“ е потребно за да се заслужи белиот крст?
Лозарите протестираат поради ниската цена на грозјето
Државата продава градежно земјиште
Стагнација на производството на нафта
Шест милиони туристи ја посетиле Хрватска
Романија примамлива за странските инвестиции
Стагнација на производството на нафта во Русија

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.