Романија примамлива за странските инвестиции
Букурешт - Директните странски инвестиции во Романија годинава може да достигнат рекордна висина од 10 милијарди евра, изјави романскиот министер за финансии, Воружан Восганјан.
„Можеме да се надеваме дека оваа година директните странски инвестиции во Романија ќе достигнат до 10 милијарди евра, откако во првото полугодие тие изнесуваат 4,8 милијарди евра“, изјави Восганјан.
Тој истакна дека во текот на оваа година директните странски инвестиции покриваат 60 отсто од дефицитот во тековната сметка на Романија, пренесува агенцијата Медијафакс.
Минатата година директните странски инвестиции во државата изнесуваа седум милијарди евра. (Макфакс)
|