Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ССМ ќе штрајкува ако нема расправа за измените во Законот за работни односи

Синдикатот достави 13 амандмани до Собранието и инсистира да има демократска расправа за нив

Маја Томиќ

Сојузот на синдикатите на Македонија вчера побара средба со претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, за да се овозможи амандманска интервенција кај 13 члена во Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи на закажаната седница в понеделник.

„И минатата недела со допис побаравме од Велјаноски да ги достави 13-те амандмани до пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, СДСМ, ЛДП. Законот за работни односи е устав за работниците, а неговото носење без расправа и консултација со социјалните партнери е непримерно за демократски држави“, истакна на вчерашната прес-конференција Драге Јовановски, претставник на Одделението за правни работи при ССМ.

Доколку в понеделник не се дискутира за амандманите, Јовановски најави оти ССМ повторно преку дијалог со Владата ќе побара расправа за нив, а ако и тоа не даде никакви резултати, ќе се искористат сите правни средства против државата, а доколку треба, ќе се организира и масовен штрајк на работниците.

За измените и дополнувањата во Законот за работни односи пратениците в понеделник треба да гласаат по трет пат. Парламентарното мнозинство законските измени досега ги изгласа во два наврата, во јули и во август, но претседателот Бранко Црвенковски го немаше потпишано указот за негово прогласување. Претходно ССМ побара од шефот на државата да не ги потпише изгласаните измени.

ССМ преку амандманите бара договорите за работа на определено време да бидат најмногу две години, а не пет, како што предлага Владата. Се инсистира на продолжување на досегашното законско решение со кое на работодавецот, доколку отпушти работник од деловни причини, му се забранува на негово место да вработи друг работник во рок од една година. Според ССМ, треба да остане и претходното решение со кое се утврдува на работникот да му се плаќа за работа во неделите. Треба да остане и решението во текот на цел месец работниците да може да работат ноќна смена само една недела. Според новите законски предлози, се овозможува работниците да работат ноќна смена и по десет години.

„Со предложените измени на ЗРО, и неделите се пресметуваат во деновите за одмор, со што се крати траењето на годишниот одмор. Значи, ќе има кратење на одморите за шест работни дена, што најмногу ќе ја погоди јавната администрација“, рече Јовановски.


Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар

Од: Aтанасија
Датум: 23.08.2008 10:54:00
Законот за работни односи,од проста причина што тој беше донесен без да се консултира Синдикатот на работниците.Сега,кога се знае дека без него не ќе може да мине,претставниците на работниците имаат свои несфатливи барања-работа на неодредено да биде скратена на 2 години,на пример,што им дава донекде сигурност дека побрзо,отколку за 5 години,да бидат вработени на неодредено време.Загрижени се и за дните за одмор. Холандија имаше исто проблем со вработување,но Синдикатот прифати вработување на неколку часа во неколку дена во неделата.Така за сите имаше по нешто-барем да не одат со испружена рака по туристите.И сега Холандија е економски многу силна земја.А таа,тогаш непријатна вест на работниците им ја соопшти првиот синдикалец.И беше прифатено.не со радост,но беше прифатео и применето Нашата Влада ,дури и премиерот,често се во Холандија.Време е да се заинтересираат и за тоа како таа мала земја толку многу успеа со вработувањата,па дури вкључува и странци како стимул на економија

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку „швајцарско“ е потребно за да се заслужи белиот крст?
Лозарите протестираат поради ниската цена на грозјето
Државата продава градежно земјиште
Демир-Халк банка со дозвола за купување над 50 отсто од ИК банка
Стагнација на производството на нафта
Шест милиони туристи ја посетиле Хрватска
Романија примамлива за странските инвестиции
Стагнација на производството на нафта во Русија

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.