Државата продава градежно земјиште
Министерството за транспорт и врски вчера објави дека преку јавно наддавање нуди на продажба градежно неизградено земјиште во Општина Градско, наменето за изградба на производствен погон, винарска визба и дистрибутивен центар.
Градежната парцела што се продава е со површина од 66.490 квадратни метри. Почетната цена на јавното наддавање е 300 денари за квадратен метар.
Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 16 септември во Министерството за транспорт и врски, а наддавањето ќе се одржи на 19 септември. (МИА) |