Иванов на средби со бизнисмени
Охрид - Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Охрид имаше средба со група стопанственици од југозападна Македонија. Целта на средбите е информирање на претседателот за отворените можности на македонското стопанство, како и за проблемите со кои се соочуваат македонските стопанственици.
Иванов на средбата најави дека ќе ги има предвид нивните забелешки во своите активности, и во земјата, а особено во странство, со цел подобро да се претстават можностите за соработка што ги нуди Македонија. (МИА)
|