СТРУГА - Со правилникот што треба наскоро да се усвои, државата ќе го субвенционира носењето странски туристи во Македонија. Со ова, конечно, по повеќегодишниот притисок на луѓето од оваа област, туризмот ќе се третира како извозна стопанска гранка. Ова им го вети министерот за економија, Фатмир Бесими, на туристичките работници и на претставниците на стопанските комори на вчерашната средба во Струга. Според него, субвенционирањето ќе почне да се применува од почетокот на идната година.
„Ќе ги субвенционираме туроператорите кои ќе носат странски гости во Македонија што ќе престојуваат во организирани групи повеќе од три дена. Тоа ќе помогне да имаме поконкурентни аранжмани за странците, а ќе се зголеми и девизниот нето-прилив“, рече министерот Фатмир Бесими. Тој вети дека ќе продолжи поддршката на Владата во промоција на македонските туристички вредности на светските електронски и печатени медиуми и туристичките берзи.
Учесниците на средбата рекоа дека не го знаат пречистениот текст на Правилникот за субвенции и од министерот Бесими побараа во него да се предвидат и други бенефиции. „Доколку сакаме побрз развој на туризмот, државата треба да го ослободи од ДДВ и оној дел од девизниот приход остварен од странски гости, а регистриран во банкарските институции“, смета Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.
Туристичките работници побараа и конкретна подршка на Министерството за економија во реализација на неколку проекти. Меѓу нив се и иницијативите за туристичка валоризација на патот Виа игнатија, од кој еден дел минува низ регионот, и воведување нискотарифни авионски линии меѓу Охрид и поголемите европски градови. (С.И.)
Toj taka kazaniot pretsedatel na turizmot saka da nema dvd sto e ziva glupost.jas se slozuvam da nema ni 5% no pod eden uslov.Ako site hoteli,barovi,kafani pa makar ima 35%vo ohrid i mk davat fiskalni,prijavuvat rabotnici i plakat kako sto treba danok,plakat na gradot za terasite regularno togas zasluzuvat da nema.no normalnite drzavi kazuvat vaka za hotelite.ne moze da nema taksa koga mu menuva samo peskir vo soba i edna sobarka mesti 25 sobi,ne moze da nema taxa koga od 24 casa sobata e zafatena samo 7 casa i tova so spienje no nekojsi Donco od ohrid lupa gluposti.Kako be Hollidey in ne bara tova sto go barat ohrigani,ili palas skopje,ili ke se najde nekoj sto misli deka e jak na dusek turizam i ke go sreduval turizmot,