Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија
„Фијат“ доби одобрение да го купи „Крајслер“

Брисел - Европската комисија и' одобри на италијанската автомобилска индустрија „Фијат“ да го купи американскиот произведувач „Крајслер“, кој неодамна банкротираше, нагласувајќи дека оваа купопродажба нема да влијае врз конкуренцијата во Европската унија.

Во новата компанија „Крајслер груп ЛЛЦ“, која веднаш ќе почне со работа, „Фијат“ ќе има удел од 20 проценти и на американската компанија ќе и' обезбеди технологија за производство на помали и поштедливи возила.

„Крајслер“ дејствува, пред се', во Северна Америка, од каде што потекнуваат и 90 проценти од неговиот профит и нема ниту една фабрика во Европа.

Аналитичарите напоменуваат дека со спојувањето на дејностите на „Фијат“ и „Крајслер“, ќе биде создадена групација која со своето работење може да и' конкурира на најголемата европска автомобилска куќа, германскиот „Фолксваген“. (МИА)


Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Каков леб, всушност, јадеме?
Министрите во разногласие за крајот на кризата
ИПА-фондовите недоволно се користат
Оптимистички прогнози за германското стопанство
Платите на министрите се намалуваат за 20 отсто
Намален извозот на швајцарски часовници
Државата ќе го субвенционира туризмот
Пад на прометот на Берзата
Иванов на средби со бизнисмени