Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Осомничениот за убиството во Охрид тајно префрлен во Албанија?

Драган Ѓорѓевиќ (29) од Лесковац, еден од осомничените за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ (34) во Охрид, по злосторството тајно бил префрлен во Албанија. Ова го пишува српскиот весник „Ало!“, кој повикувајќи се на добро упатени извори, информира дека косопственикот на клубот „Хавана“, Митре Костовски, кој, исто така, е уапсен, му овозможил на Ѓорѓевиќ утрото по убиството да побегне на тајна локација во Албанија. Сомнежите се дека оттаму пребегал во Грција.

Горан Периќ, кој во моментот на убиството бил заедно со нападнатиот српски турист, за весникот „Ало!“ сведочи дека двајцата биле нападнати без никаков повод од група локални криминалци и наркодилери.

„Вечерта, враќајќи се во нашата соба, одлучивме да свратиме до клубот ’Хавана‘, за да се забавуваме малку. Тогаш еден од напаѓачите во метежот не поттурна со рамото, но јас и Дејан не реагиравме на тоа. Тогаш дотрча обезбедувањето, кое не' истурка кон вратата на клубот, каде што не' чекаше разлутена толпа. Започна масовна тепачка, а ние двајцата се обидувавме да се одбраниме. Во еден момент го изгубив Дејан од пред очи, а подоцна дознав дека починал на пат кон болницата“, ја раскажува својата потресна исповед Горан Периќ за белградскиот весник, по завчерашниот погреб на својот пријател.

Како што пишува „Ало!“, на лицето на Периќ се' уште се видливи трагите од физичкиот напад. „Не' нападнаа локални криминалци и наркодилери кои со години ги тероризираат граѓаните на Охрид. Го држат цел град, а сите тие имаат досиеја во полицијата и и' се познати на властите. Еден од полицајците, кој ме чуваше буквално 24 часа, ми призна дека и него го претепале, пред неколку години, со пиштол по главата“, тврди Периќ. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 3509 пати.

Испрати коментар

Од: mojso
Датум: 03.09.2010 00:26:26
Da vidime sto ke kazat na sud obvinetite i svedocite..Normalno i Latas.
Од: jean luc picard
Датум: 03.09.2010 01:48:17
колкумина се тие насилници, тепачи, дилери во Охрид? 20, 30, 40, 50? А колку има жители во тој град? сигурно 1000 пати повеќе, значи во битка гради в гради се знае кој би изгубил. можеби е време чесните охриѓани (а и не само тие), да се самоорганизираат и ја преземат правдата во свои раце и ги сотрат тие скотови.
Од: Irena
Датум: 03.09.2010 04:43:40
socuvstvo za semejstvoto.. p.s. a koj e na slikava?
Од: do jean luc picard
Датум: 03.09.2010 08:42:58
Dzabe drugar, pozadi niv e i MVR, nemoze narodot golorak nisto protiv taa organizirana i vooruzana banda.
Од: tomo
Датум: 03.09.2010 14:29:25
Zatoa ja ne idam u Ohrid so godini. Si idam u Dojran be brat, rajski mi e tamu.
Од: trpe
Датум: 03.09.2010 15:18:16
Затоа Охрид е на дното по квалитетот на услугата и гостопримството, бидејќи секогаш некој друг им е крив за малата посетеност во летниот период. Треба да се запрашаат зошто секогаш се појавуваат одеднаш 10 “набилдани“ момци доколку некој од Скопје случајно погледне девојка од Охрид и недај боже ја покани на пијалок.
Од: do Irena
Датум: 03.09.2010 15:47:10
Na slikava deckoto vo temnata kosula e pocinatiot Dejan , a drugiot e negoviot brat Nenad

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Билјана Ангеловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Верица Пандиловска
Во август и во септември јадам само смокви!