Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕВРОПА - БАЛКАН

Отворање на досиејата

Иван Торов

За објавување на досиејата на тајните служби постои политичка волја, но тоа нема да биде едноставна задача

БЕЛГРАД - Среде уште една пренапумпана „општонационална“ битка за Косово, пред „историската“ седница на Генералното собрание на ОН на 9 септември, на јавноста во Србија и' е поттурната нова крупна политичко-интригантска тема со која, како што се смета, ќе се занимава барем во следните една-две години. Иако најавата се' уште нема официјална форма, се' изгледа дека српската владејачка гарнитура постигна „внатрешен консензус“ да се отворат досиејата на тајните служби.

Согласноста, конечно, и Србија, цели 10 години по соборувањето на Слободан Милошевиќ, како една од последните транзициони држави која вешто го избегнуваше тоа прашање да и' се направат на јавноста достапни десетици илјадници досиеја на нејзините граѓани, е толку голема што веќе самиот тој факт предизвикува низа прашања и дилеми, па и скепса околу вистинските мотиви зошто се тргнува дури сега (и какви се дострелите) со отворањето на досиејата. Би се рекло, дури, ургентно, до крајот на годинава, кога Собранието на Србија би требало да го изгласа соодветниот закон. Поради уверувањето дека такво нешто мора да се направи ако Србија сака кандидатски статус за ЕУ или, пак, процените дека тој, без сомнение, не толку пријатен чин не може повеќе да се одложува. Или ќе биде, пред с��', дека политичкиот врв во владејачката коалиција, на чело со Демократската партија, процени дека вметнувањето на едно такво значајно прашање во оптек сигурно би ги турнало на маргината некои други, според се', уште понепријатни теми: губењето на Косово, сопирањето на евроинтеграциите, комплицирање на ситуацијата околу Санџак и Бошњаците, продлабочување на политичката и економската криза, забревтување на инфлацијата, доминацијата на моќните картели и тајкуни и немоќта на владата да им се спротивстави, катастрофалната социјална слика во Србија. И, воопшто, фактот дека Србија денес, во 2010 година, како што велат економистите, по развојот е дури на 40 отсто во однос на 1989 година.

Се' на се', темата доби виза во политичката хиерархија на власта и сега, како што истакнуваат нејзините заговорници, е само прашање на техника и брзина дали стариот нацрт-закон на Српското движење за обнова и неговиот лидер Вук Драшковиќ, кои инаку се сметаат за најголеми жртви на тајните служби и чијшто предлог се наоѓа во нечија фиока уште од 2004 година, ќе влезе во парламентарна процедура. По тој нацрт, секој граѓанин на Србија ќе може да побара увид во своето досие (ако го има) кај независната комисија, а ќе бидат отворени сите политички досиеја без оглед на тоа во кој период биле отворени. Законот, велат неговите автори, е работен по пример на најдобрите искуства на Германија, Полска, Романија и Словачка, што би требало да сугерира дека во неговата примена овој пат нема да има колебања, тактизирања и политички калкулации. Барем не во облик и на начин како што своевремено беше направено со владината Уредба за отворање на досиејата (која Уставниот суд подоцна ја поништи), која за кратко време на примената ги доби сите елементи на своевидна фарса. Имено, полициските и воените тајни служби, според таа Уредба, добија дискреционо право самите да одредуваат дали некој има или нема досие, а пристапот на следените и прислушувани граѓани до „своите“ досиеја беше максимално рестриктивен. Јавноста, сепак, се надева дека овој пат идниот закон нема да ја доживее судбината на Законот за лустрација од 2003 година, кој иако и денес важи, никогаш не бил применет и со години служеше за потсмев на граѓанскиот и невладиниот сектор кои беа упорни во барањето оние што ги кршеа човековите права да бидат отстранети од политичкиот живот. Меѓутоа, денес експертите за оваа област истакнуваат дека токму Законот за лустрација, со одредени модификации, е еден од главните предуслови и цели на Законот за отворање на досиејата - обелоденување на имињата на соработниците (кодошите) на тајните служби.

Иако се стекнува впечаток дека околу објавувањето на тие списоци, исто така, постои политичка волја, веќе сега е извесно дека тоа нема да биде ниту малку едноставна задача. Пред се', поради широкиот отпор на тајните служби кои сметаат дека соопштувањето на имињата на соработниците на УДБА, КОС, ВОА, ДБ и БИА би ја загрозила безбедноста на државата. Впрочем, функционерите од Безбедносно-информативната агенција (БИА) денес порачуваат дека немаат ништо против отворање на досиејата, но предупредуваат дека треба да се воспостави „баланс меѓу потребите на една држава и нејзината безбедност“, што упатува на нивниот став дека со објавувањето на списоците на кодошите не треба претерано да се брза. На резервираност наведува и стравот во некои кругови во Србија дека со објавувањето на списоците, но и со отворањето на досиејата, би се влегло во трагата на многу денешни економски и политички моќници на демократска Србија кои своето богатство и влијание го стекнуваа со соработка со тајните служби.

Од друга страна, големо прашање е што ќе им се презентира на заинтересираните граѓани. Веднаш по 5 октомври и смената на Слободан Милошевиќ, неговиот најблизок соработник, началникот на ДБ, Радомир Марковиќ, по желба на новиот претседател на СРС, Воислав Коштуница, остана уште некое време на таа функција. Тоа го искористи голем дел од досиејата и списоците на соработниците да завршат на клада. Дел заврши во приватни збирки и архиви на одделни политичари, кои во политичките пресметки и судири во последнава деценија многу им послужија како материјал за компромитација на своите противници, но и за уцени и пазарења.


#
Статијата е прочитана 1369 пати.

Испрати коментар

Од: dedo dimo
Датум: 08.09.2010 03:30:50
Drugarot Ivan , aftorot na ovaa statija izgleda ne go pznava Makedonskiot jazik.Ve molam pishuvajte na Makedonski site da ve razberat ili brishete ,Zboroviteshto gi upotrebuvate vo statijava se ANGLISKI a tie se KONSECUS,SKEPSA , DOSIEJA ,KOALICIJA,KARTELI , TAJKUNI ,SUGERIRA ,KALKULACII, FARSA.MODIFIKACII a i ushte nekoj.ME interesira shto otcena imavte po Makedonski ,po moe mislenje EDINICA e pregolema .
Од: Баба Димка
Датум: 08.09.2010 13:49:03
А дедо Димо го знаел македонскиот јазик! Афтор!!! Отцена!!! Не единица,туку нула по македонски,неписмен еден!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Власта нема само два проблема
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Со Филмскиот фонд добивме само хаос
Информации поради манипулации
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците