Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари

Обемот на стоковната размена во периодот јануари-јули годинава е за 9,5 проценти поголем во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесувала 1,7 милијарди долари, а на увозот 2,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 проценти. Или, трговскиот дефицит во периодот јануари-јули годинава изнесува 1,1 милијарда долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, валаните производи, потоа на облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во првит�� седум месеци најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ, со 61,8 проценти и земјите од Западен Балкан со 31,1 процент. Во увозот на стоки, пак, е најголемо учеството на членките на ЕУ со 52,8 проценти и на земјите во развој со 28,3 проценти.

Според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Италија и со Русија, со кои врши 44 проценти од трговската размена. (МИА)


#
Ст��тијата е прочитана 989 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Власта нема само два проблема
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Отворање на досиејата
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Со Филмскиот фонд добивме само хаос
Информации поради манипулации
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците