Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Власта нема само два проблема

Александра М. Митевска

Премиерот Никола Груевски и не мораше да каже дека последните две години од мандатот му биле многу потешки од претходните две. Тоа само по себе се чувствуваше во сите изминати 24 месеци. Тоа можеше да се намириса и во владината сала што во петокот ја исполни рамномерниот глас на премиерот, кој остана сам да ги набројува и најситните владини достигнувања, исправен пред паното што веќе не е во портокаловата боја, која го симболизираше ентузијазмот на „преродбата“.

Всушност, тоа е нормален политички циклус со кој се соочува речиси секоја влада во која било парламентарна демократија. Колку повеќе таа троши од мандатот, толку повеќе ја губи енергијата. Колку ќе направи повеќе чекори, толку граѓаните стануваат покритични кон неа. А, колку јавноста е погласна, толку опозицијата добива на сила.

Во случајот со Владата на Груевски, веројатно, требаше да биде поинаку. Благодарение на вонредните парламентарни избори, таа има уште две години од мандатот, така што мноштвото популистички мерки што ги презема, запоставувајќи ги непопуларните реформи, требаше да и' обезбедат долг престој на врвот на рејтинг-листите.

Но, кога премиерот вели дека изминатите две години му биле најтешки во политичката кариера, нема причина да не му се верува. Само прашање е што можеме да очекуваме во наредните две години кога енергетското ниво на власта ќе падне уште пониско, а уште повеќе ќе порасне критичната маса. Прашање е и дали рецесијата и името се единствените работи што му го загорчија вториот мандат на Груевски, кому, читајќи меѓу редови, му било многу поудобно додека беше во друштво со ДПА, и покрај тоа што тогаш ја немаше апсолутната власт.

Тоа што сега тврди Али Ахмети дека владината коалиција функционира речиси беспрекорно и дека тој не размислува за предвремени избори, е мала утеха за Груевски. Тој, веројатно, се сеќава дека Мендух Тачи често знаеше да му заржи, да му се закани со напуштање на власта, но никогаш не го оставаше сам, како што овој пат го остави Ахмети. Впрочем, лидерот на ДПА тогаш знаеше дека Груевски во секое време може да го замени со Ахмети, како што и Ахмети сега знае дека Груевски нема друга алтернатива за коалицирање освен ДУИ.

Премиерот сигурно памети и дека Тачи погласно и од него ја водеше битката против Бранко Црвенковски. Ахмети, пак, сега се среќава со Црвенковски, се консултира со стариот коалициски партнер...

За волја на вистината, не е исто да се критикува Црвенковски како шеф на држава и Црвенковски како опозициски лидер. Затоа и на Груевски, се чини, му беше полесно додека неговиот главен политички опонент беше во претседателскиот кабинет. За секое жешко прашање можеше да ја префрли одговорноста кај него, можеше да се повика и на грешките на претходниците и сето тоа да помине во јавноста.

Сега на Груевски како опција му останува само да се обиде да ја подели одговорноста со претседателот Ѓорге Иванов, но тоа му доаѓа како да фрла топка во сопствениот двор. Сепак, тоа му е единствена опција во ситуација кога се' потешко поминуваат кај „публиката“ обидите вината за секој промашен потег на власта да се бара во минатото и кај опозицијата. Па, нели, поминаа четири години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. А четири години, во нормални услови, би значеле цел еден мандат.

Ако се има визија, тоа е доволно долг период да се исправат грешките на претходниците и да се тргне напред. Но, токму визија недостасуваше во минатонеделниот отчет на премиерот, кој наброја многу мостови, патишта, канализации, спортски сали... Но, не кажа како во наредните две години ќе се справува со економијата и со проблемот со името од што зависат и евроатлантските перспективи на државата. Само кажа дека тие две работи што ги посочуваше како најприоритетни цели на неговата Влада во 2006 година, и' ја успориле динамиката на „преродбата“!


#
Статијата е прочитана 1618 пати.

Испрати коментар

Од: Тоше
Датум: 07.09.2010 13:06:18
Четири години беа сосем доволни за да видиме дека оваа гарнитура е тотално неспособна да води држава.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2010 18:35:01
Покрај ваквата влада и секидневните опсервации на ,,независните ,,новинари народот не препознава алтернатива.Опозиција е никаква,се јад и очај,без идеи како да го анимира независното гласачко тело.Остануваат на опскурните 10-тина%. Никако да се извлечат од стерилното критизерство,место да понудат решениа тиа како шарената птица ги повторуваат грешките на власта без соодветно понудено решение.
Од: Ankica
Датум: 09.09.2010 09:38:33
Mislam deka ako kazam DEN PORANO,DEN POARNO...da ja snema ovaa nesposobna vlast -se sum kazala.
Од: teodora
Датум: 09.09.2010 13:49:41
Феликс,велите дека опозицијата само ги повторува своите забелески за Власта.А што да прави-кога ни една забелешка,не и се прифаќа.А што велите на тоа дека Власта се нафрла на опозицијат зашто таа нешт погресно направила,или нешто не направила.Па затоа претходната власт ја изгуби довербата кај народот,затоа народот ја избраа оваа политицка гарнитура -за да им го подобри животот,за да ги води напред-а не да им отвора пат за да ја напуштаат младите земјата.Гледате што се случи-визна либерализација,за на лугјето да им се подобри чувството дека можат преку сопствениот праг,а тие без обзир тргнаа на пат без враќање,зашто оваа власт не им создаде услови тука да се реализираат.Затоа,оставете ја Опозицијата,погледајте што (не)прави власта-таа е одговорна и за народот и за Државата,а не Опозицијата.Опозицијата може само да укажува,да коригира,а Власта,ако има слух да прифати.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Отворање на досиејата
Грозјето по лански цени, проте��тите прекинати
Со Филмскиот фонд добивме само хаос
Информации поради манипулации
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците