Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија

Статистика се' уште не ги подготвила податоците што требаше, според календарот, да се објават на 3 септември

Маја Томиќ

Каде се податоците за сиромаштијата во 2009 година што требаше да се објават на крајот од минатата недела? Државниот завод за статистика, ДЗС, се' уште не ги завршил пресметките, иако бројките, според календарот на објавување на соопштенијата, требаше да се обелоденат на 3 септември, како што беше и минатата година. Дали се тактизира и намерно се купува време, од политички мотиви или, пак, пролонгирањето на работите е од технички карактер? Од ДЗС велат дека до крајот на оваа недела ќе бидат објавени податоците. Но, неизвесно е дека ќе биде така, со оглед дека два дена од оваа недела се неработни.

Од наши извори дознаваме дека податоците се готови, но не се објавуваат, затоа што директорката на ДЗС, Благица Новковска, е отсутна, таа е на пат во странство. А, без нејзина ревизија на подготвените информации за сиромаштијата во земјава, не можат цифрите да излезат во јавност. Од друга страна, во некои кругови се шпекулира и дека е можно податоците малку да се дотераат, со оглед дека станува збор за 2009 година, периодот на кризата и на бројните отпуштања во стопанството. Со оглед на тоа, според сите економски параметри, многу е очекувано процентот на сиромаштијата да биде повисок од претходниот за 2008 година, што секако не и' оди во прилог на владејачката гарнитура во сегашниот политички момент.

Од ДЗС кон средината на август рекоа дека нема да се доцни со податоците и дека во Заводот се одвива обработката на собраните информации од мерењата во текот на 2009 година. А, тие биле проширени и затоа за нив требало малку повеќе време од вообичаено. Рекоа и дека подготовките се при крај и бројките би требало да бидат објавени во предвидениот термин, 3 септември? Но, сепак, не беше така.

Со години наназад податоците за сиромаштијата ДЗС ги публикуваше многу порано, во текот на јули. Прв пат се измени датумот на календарот лани, 3 септември, кога излегоа процентите за сиромаштијата во 2008 година. Инаку, податоците за сиромаштијата за периодот 2003 - 2005 година беа објавени на 14 јули 2006 година. Оние за сиромашното население во периодот 2004 - 2006 година, на 19 јули 2007 година, а на 10 јули 2008 година излегоа бројките за сиромашните во 2007 година. Наши извори велат дека датумите не би требало да се менуваат, ако се работи со иста методологија, а таа не е променета со години. Доколку, пак, се менуваат, додаваат тие, тогаш треба да се скусуваат, а не да се пролонгираат термините.

Според ланските податоци, стапката на сиромаштија во 2008 година изнесуваше 28,7 проценти. Или, близу една третина од населението било сирoмашно и живеело под минимално прифатливото животно ниво. Експертите кои лани ги коментираа тие податоци, беа повеќе од сигурни дека за 2009 година ќе се регистрира многу повисок процент на сиромашни, поради силното влијание на економската криза врз стопанството, оставајќи илјадници вработени без работа, особено во индустријата.

Сиромаштијата во изминатите години, и покрај силните ветувања на сите влади за нејзино намалување, никако да оствари значајни удолни поместувања. Така, во 2004 година таа изнесуваше 29,6 отсто, во 2005 година била на ниво од точно 30 проценти, додека во 2006 година имала благ пад, 29,8 отсто. Во 2007 година стапката на сиромашни била измерена на 29,4 проценти, а во 2008 година изнесувала 28,7 проценти. Експертите одамна апелираат дека за да се намали сиромаштијата, како и невработеноста, која достигна стапка од 33,5 отсто, е потребна стапка на економски развој од најмалку пет, шест или седум отсто годишно и тоа континуирано во период од десетина години, што досега не се случило.

Според ДЗС, најсиромашни се семејствата со повеќе члена, невработените и оние каде што главата на домаќинството има само основно образование. Над 50 отсто од најсиромашните живеат во семејства со пет или со повеќе члена, а повеќе од 40 проценти од нив се невработени.

Според светските стандарди, сиромашни се оние семејства што имаат да потрошат два долара дневно. Нашата Статистика не ја дава конкретната сума со колку пари живеат македонските семејства што се класифицирани како сиромашни. Линијата на сиромаштија кај нас е дефинирана како „ниво на животен стандард што треба да се достигне за едно лице - домаќинство, да не биде класифицирано како сиромашно“.


#
Статијата е прочитана 1523 пати.

Испрати коментар

Од: natasha
Датум: 08.09.2010 10:33:57
Od sekogas imalo siromastija, ne samo vo Makedonija, tuku nasekade vo svetot. Sega vo nekoi zemji ima utvrdeno kriteriumi za toa kolku na lugeto im e potrebno za da preziveat i pritoa da gi platat svoite smetki i dreugi obvrski. Sekako toa deka mora da se napravi i vo Makedonija za da stane vo prava smisla socijana drzava. Inaku, siromastija imase i porano vo Makedonija. I mnogu nepravdi, kriminal i uceni taka sto seto ova ne e nisto novo. Megutoa, ona sto me iznenaduva vo Makedonija, pri nekolku moi poseti, ziveam vo Avstralija, mi trebaa luge da go sredat dvorot na moite stari roditeli, da napravat mali popravki na kukata ili za cistenje, megutoa, nikako ne mozev da najdam i pokraj toa sto nudev golema para, pa ostanuva uste da se prasuvam, vo kolku ima siromastija togas zosto lugeto odbivaat da rabotat i cekaat drzavata da im najde resenie. I ovde vo Avstralija ako ne rabotis tesko tebe i cesto lugeto ne biraat kakva rabota rabotat za da specalat.
Од: gv
Датум: 08.09.2010 11:07:03
Uste dolgo vreme nema da sa objavaat podatocite .Go cekaat naredbata na M.Protugjer.Sramota na RM .
Од: Ankica
Датум: 09.09.2010 09:28:23
Ma kakvi podatoci da objavat? Ako mozat da izlazat, da gi prepravat ce gi objavat. Tie zakoni menjavaat da gi skrijat lopovlucite i grabezot.Eve se najdoa svesni antikorupcioneri, tie mandatot i platite im gi kratat.Golemiot gi kaznuva,a ne znae deka ce dojde den na lavcinjata ili na konjcinjata da go sednat so glavata udole...
Од: atanasija
Датум: 09.09.2010 13:28:12
Владите во другите држави ја проектираат иднината на својот народ,и местото на Државата во меѓународнара заедница..Владата на РМ место да го извлече народот од сиромаштијата,му го реконструира минатото-а тоа не го подобрува животот.Некои велат дека им го подобрило чувството во себеосознавањето,но истовремено не негираат дека подобро ќе беше ако владата тоа чувство им го подигнеше со тоа што ќе отвореше работни места каде ке можеа да си обезбеат пристоен живот.Тука е грешката,што се вели,во чекори-кога Владата не знае што е работа за овој ден,што за пет години(некогаш се правеа планови за петолетки,така се викаше тоа планирање)а што ќе биде на чекање поголема материајална основа за да се почне. Оваа Влада почна од последното,го запостави народот,ја маргинализира Државата

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Власта нема само два проблема
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Отворање на досиејата
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Со Филмскиот фонд добивме само хаос
Информации поради манипулации
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците