Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Информации поради манипулации

Слободан Најдовски

Никако не можеда бидат голем успех исполнувањето на обврските што произлегуваат од задачите на редовното работење. Тоа е обична манипулација на граѓаните

Изминатите десетина дена владини претставници, членови на раководството на владејачката партија и нивни соработ��ици, од овде, но и од странство, на секојдневни прес-конференции и изјави пласираа бројни информации. Заеднички именител на сите им беше што секој на свој начин, со нецелосни податоци или невистини, настојуваше да ги изманипулира македонските граѓани. Просторот на колумната не ми дозволува да се посветам на сите нив, затоа ќе се осврнам на дел.

Неизбежно на почетокот е обраќањето на премиерот, по повод неговиот отчет за четиригодишното владеење во државава. За поздравување е потегот на премиерот за презентирање на работата на Владата. Но, отчетот требаше да го даде пред оние што го избрале, а тоа се пратениците на македонското Собрание. Демагогија и избегнување дебата е објаснувањето дека отчетот го дава пред граѓаните. Премиерот уште еднаш избра во свој стил, сам без соочување со претставници на опозицијата, во двочасовниот интервал да ни претстави што направил во изминатите четири години, при тоа невешто избегнувајќи го одговорот, но и посочувањето, на бројки што не му одат во прилог или, пак, како репер ги зема само годините што му одговараат. Неговите спин „мајстори“ повторно ја примени��а тактиката на изнесување многу податоци и бројки, кои треба да ги фасцинираат граѓаните, но истовремено зад бројките треба да се избегнат и да се скријат суштинските проблеми со кои се соочува нашата држава. Така, премиерот се фали со историскиот пораст на извозот во првите две години од неговиот мандат, но при тоа не продолжи во ист стил да каже и за историски најголемиот трговски дефицит иако тоа е најтесно поврзано. Кажува за најголема наплата на даноците во 2007 година, а не потенцира дека најголем пораст има на данокот на добивка, кој е резултат на успешното работење на стопанските субјекти во претходната година т.е. во 2006 година кога на власт беше некоја друга коалиција што е сега во опозиција, да бидам искрен до крај во неа беа и „терористите од ДУИ“. Премиерот потенцира дека ги зголемиле и субвенциите за земјоделството, но не кажува дека голем дел од тие средства се како резултат на политиката од претходната Влада и дополнителните три денари по кутија цигари што се наменети за стимулации во земјоделството. Го слушна ли некој премиерот да потенцира, нагласено, колкав е дефицитот на тековната сметка на платниот биланс и колку се зголемил за време на неговото владеење. Напразно очекувавме од премиерот да каже колку е долгот на Владата и на другите државни институции кон стопанството. Ги подгреа нашите очекувања со изјавата дека тоа ќе го соопшти министерот за финансии, ама водителката на телевизија никако да го извлече тој податок. Уште многу податоци што јавноста очекуваше да ги слушне од премиерот останаа за во некоја друга пригода, која тешко дека ќе ја дочекаме. Сигурно бегањето од тие и од некои други бројки е поради тоа што тие не се вклопуваат во создавањето розова слика за благосостојбата во државата. Но, затоа, пак, премиерот два часа ни ги кажуваше бројките што произлегуваат од секојдневните обврски на Владата и од другите државни институции како големи инвестициски вложувања и постигнувања. Така, на пример, поставувањата плочки во тоалетите на болниците или молерисувањето на ходниците е вложување кое требало да се поздрави. Нека се провери во минатото речиси секој директор на здравствена институција што прво прави кога ќе дојди молерисувањето. Не верувам дека во прашање е само јавната набавка. Во таков манир е и фалењето за изградба на водоводи и канализации во општините. На секој кој барем малку ја следел оваа проблематика му е познато дека секоја година во буџетот има ставка за оваа намена и сите влади досега со посебна програма доделувале средства, а во одредени општини се градело многу повеќе отколку сега, ама помалку се сликале владините функционери. Владата треба да се фали со објекти од капитално значење како, на пример, енергетски објекти, автопатишта, нови индустриски капацитети, кои се како резултат на нивната економска политика. Никако не може исполнувањето на обврските што произлегуваат од задачите на редовното работење да бидат голем успех. Тоа е обична манипулација на граѓаните. Во таквата манипулација се вклучуваат и партиските војници поставени на некоја позиција, со напишаните реченици од централата во стилот „благодарение на министерот нашата институција доби тоа и тоа...“. А, што му е друга обврска на министерот освен да ги извршува задачите или, пак, тој министер надвор од своите овластувања им подарил нешто, па затоа освен што ќе го пофалат и ќе истакнат дека многу му се благодарни. Благодарност се искажува на донатор, мецена, а не на државен функционер кој има обврска со парите со кои располага да ги финансира редовните активности. Ваквите владини фалби се исто како некој доктор, кој секојдневно прегледува одреден број пациенти, да се пофали дека прегледувал, а граѓаните треба да му бидат благодарни. Па, тоа му е работа.

Многу сличности во начинот на избегнувањето одговор и манипулацијата со бројки е и случајот со износите исплатени за скулптурите во Скопје. Секој оној што барем малку има познавање од демократија и одговорност, ќе се почувствува навреден од одговорите на уметниците што ги креирале скулптурите. Ајде да се обидеме да го прифатиме одговорот на едниот кој не' упатува кај неговата сопруга и да имаме разбирање за човекот кој можеби е така воспитан само да ја работи својата професија, а за се' друго во неговиот живот води грижа сопругата. Но, како да ја разбереме изјавата на креаторот на лавовите кој интересот на новинарите за висината на неговиот хонорар го споредува со запад и дека таквото прашање таму било рамно на пцост. Сигурно по налог на власта, а по��ади манипулации на јавноста, не ја кажа бројката, но истовремено ги потцени и ги навреди македонските граѓани дека тие се неписмени и не знаат дека, не само на запад, е некултурно да прашувате за примањата на еден човек. Но, господинот уметник треба да знае дека тоа е така ако некој те плаќа од приватен џеб, но ако те плаќа од државни, што би се рекло од народни пари, не само што ќе бара да ја кажеш сумата, туку ако е превисока, тогаш кој било граѓанин на запад ќе те опцуе и ќе те испрати во три...

Следната манипулација што предизвика интерес, иако не е врзана со бројки и со пари, беше изјавата на германскиот европратеник Поселт, кој дојде како паднат од небо и ни фрли бомба за меѓупартиски пресметки во корист на оние што ги поддржува и си замина. Да се разбереме, кај нас доаѓале и други европски пратеници и политичари и изјавувале работи што не ни се допаѓале или не сме се согласувале, но своите изјави ги поткрепувале со аргументи. Господинот Поселт доколку не извади на виделина документ тогаш ќе се потврди тврдењето за него како шарлатан и човек што длабоко ги потцени и ги навреди македонските граѓани. Сигурно не сме дојдени како народ до тој степен да поверуваме дека кога македонската граница само што беше деблокирана од членка на ЕУ нам веднаш ни понудиле членство во ЕУ и во НАТО, а сите знаат дека таму одлуките се носат со консензус.

Ако претставниците на владејачката партија го заштитуваат од навреди интегритетот на личноста, во кој го препознаа германскиот европратеник, уште повеќе треба да не' заштитат и нас граѓаните од навредите на нивните претставници и пријатели од сестринските партии што го потценуваат нашето интелектуално ниво. Редно е и да не' удостојат со точни информации за состојбите, но и да не' поштедат од манипулации поради нивното одржување на власт.

Правото на точно информирање на јавноста за работата на државните институции е неотуѓиво. Но, за жал, кај нас ��ладата само продолжува со пласирање нецелосни и полувистинити или лажни информации со кои ги манипулира македонските граѓани за што ги користи медиумите. Општествена одговорност е и на медиумите да ги заштитат граѓаните од манипулации, лаги и невистини, кои имаат цел само заштита на одредена политика што не е во интерес на граѓаните. Но, најголемата одговорност е на оној што ја пласира информацијата, во нашиот случај Владата и нивните соработници. Не помала е одговорноста и на опозицијата која има обврска, подготвено и аргументирано, да се спротивстави на пропагандата на Владата.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1282 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2010 18:42:09
Еве и вас да ве прашам накратко која е вашата алтернатива,немојте само голо враќање на власта.Понудете решениа ако ги имате за проблемите кој ги набројувате.Инаку вашата опсервација за германскиот ЕУ пратеник води кон ( да ги цитирам вашите партиски камаради)закарување со ЕУ парламентот.Вероватно се добри само оние ЕУ пратеници кој ја критикуваат власта.Нечитам коментар за примитивниот прес на лидерот-повратник,можеби за вас е нормално вакво однесување.
Од: danilo
Датум: 08.09.2010 09:31:13
Слободан секоја чест имаш око и слух. Ова треба да се чита на јавни места на глас

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Власта нема само два проблема
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Отворање на досиејата
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Со Филмскиот фонд добивме само хаос
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците