Министерот Фатмир Бесими не ја крие разочараноста што неговата Влада, наместо за инфраструктура, ги трошите парите од буџетот за изградба на споменици, е пораката од изјавата што ја дал за „Фајненшел тајмс“ во контекст на анализата на весникот за проектот „Скопје 2014“.
„Јас лично се согласувам со оние што упатуваат критика“, изјавил Бесими околу ставањето во втор план на патиштата и на училиштата во корист на проектот. „На земјата и' е потребна инфраструктура. Ако трошиме пари од буџетот, тоа треба да има поголеми повеќекратни ефекти“, порачал тој за „Фајненшел Тајмс“. Според анализата, иако оваа градежна еуфорија има одреден број поддржувачи, сепак, тие се малубројни. Речиси две третини од населението се противат на проектот „Скопје 2014“, главно, од финансиски причини, пишува весникот, повикувајќи се на анкетите на Американскиот национален демократски институт. Потоа, тој цитира и други критичари.
„Немаше консензус и јавна дебата“, изјавил амбасадорот Ерван Фуере. „Ние би сакале да видиме поголема консултација со јавноста за така голем, сеопфатен урбанистички план за обновување на главниот град, особено затоа што се вклучени јавни пари“.
Спомениците се чуден приоритет во време на затегнат буџет и зголемена сиромаштија, оценува весникот цитирајќи западен дипломат според кој сето ова се случува во време додека голем број училишта немаат санитарни јазли. Притоа се посочува уште еден ризик од страна на претставниците на САД и на ЕУ т.е. да се разгорат етничките тензии што сега се на најниско ниво од меѓуетничките судири во 2001 година. „Етничките Албанци, кои сочинуваат речиси четвртина од населението, ја прифатија македонската држава само во очекување на интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Тие не се купуваат со национален идентитет спонзориран од државата. Националните херои на малцинските групи се додадени на програмата со споменици, но само како подоцнежна идеја“, пишува во анализата.
Не сите македонски патриоти, завршува „Фајненшел тајмс“, се чувствуваат приврзани кон Александар Велики. Љупчо Георгиевски, тврдокорен политичар кој се одвои од владејачката партија, вели: „Имаме добри 100 години историја за кои треба да разговараме“, почнувајќи од давањето отпор на Отоманската Империја. „Зошто мораме да тврдиме дека сме најстара н��ција во Европа?“ Но, Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Општина Центар, вели дека на Скопје му е потребна замена на „грдата или едноставна комунистичка архитектура“, која преовладуваше од земјотресот во 1963 година. (Н.Р.)
Najde bakalnicharov da zbori za arhitektura....Kenzo Tange bese glaven arhitekt na Skopje, kopita edni nedelkani. Na ovoj Todorovic bolje bi mu bilo da si gleda toa bakalnicata, namesto da kritikuva nesto za sto ne se razbira.....
Од: vladimir
Датум: 07.09.2010 12:32:12
Фатмир Бесими haha koj e toj be da kazuva stoe ubavo sto ne i mene cair mi e kic so zakrcen sobrakaj ,i ja vo gorce voda nemam radi saraj i okolnite sela sto kradat voda ,zimuska slaba struja i ja se nerviram koga si plakam danok i sve drugo redovno a oni ne ,koga idam za ohrid ne plakaat patarina i vozat kako ludi d ane nabrojuvam sto sve ne mi se sviga !
Од: Paci
Датум: 07.09.2010 12:55:32
Комунистичкиот урбанистички невкус се замени со СПОМЕНИЧЕН урбаинистички и уметнички НЕВКУС. Уште пострашно, во услови на немаштија, невработеност, дупки на патиштата, железница од пред еден век, се ПЛЕСНАА пари за СПОМЕНИЦИ БЕЗ НИКАКВА УМЕТНИЧКА ВРЕДНОСТ.
Од: srebre
Датум: 07.09.2010 13:35:51
sepak besimi e vo pravo zaspomenicite nema vecei vo skoli,bedni uslovi vo bolnici,nrikakvi centri za invalidi,hendikepirani.......ali i seriozno da sfatime kade pisuvat fins time deka albacite sezaednicki zivot samo so evrointegracija.......pazete zatoa i potpisaa ramkoven i se vo vlada vo grujo..otspapki znaci makedonija vo drugoi granici.............
Од: А МИНАРИЊАТА И ВАШИТЕ СПОМЕНИЦИ
Датум: 07.09.2010 13:45:19
А минарињата од сто метри и спомениците на новите борци и други ваши споменици. Македонија првпат може и мора македонските обележја да ги постави.
Од: Vladimir
Датум: 07.09.2010 14:15:00
Pa ako mu prechat spomenicite na Besimi neka go turne spomenikot na Skenderbeg vo Chair shto go izgradija pred nekolku godini. Isto taka neka gi turne nelegalno izgradenite spomenici na site UCK-i i balisti niz selata i gradovite niz zapadna Makedonija.
Од: kenzo tange
Датум: 07.09.2010 14:21:21
Mojata ideja za Skopje nikogas ne e do kraj ostvarena. A sto mislite vie ,koj e vinoven za toa.
Од: lele....
Датум: 07.09.2010 14:32:25
Lele kolku samo fasisti ima vo Makedonijava, ova stanuva zagrizuvacko, namesto da se komentira vesta, konkretno, se komentira nacionalnata pripadnost na ministerotm, katastrofa
Од: trajan
Датум: 07.09.2010 15:43:18
Јас сум во тие 2/3 од незадоволното население. Наместо парите за училишта, болници тие нашите пари за скопје 2014 без никој да прашат?? па не е цела Македонија само Скопје??? еве јас не сакам споменици во мојот град ама сакам децата да ни учат во модерни училишта без да се плашам дали ќе фатат некоја зараза.
Од: kaktus
Датум: 07.09.2010 16:16:29
Браво Бесими, пријатељу. Ова много ми се свиѓа на ја. Да чујем нешто лепо од тебе, бреее!
Не само да фалиш влада што направи на ми, македонци
Од: arhitekta
Датум: 08.09.2010 03:30:25
""Но, Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Општина Центар, вели дека на Скопје му е потребна замена на „грдата или едноставна комунистичка архитектура“, која преовладуваше од земјотресот во 1963 година. (Н.Р.) ""
pa bash naprotiv , segashnava - odnosno idna arhitektura - demek "Skopje 2014" e >tipichna komunistichka arhitektura<
koga im ja pokazzav video prezentacijata "Skopje 2014" na drugarkite i drugari od mojata fela vo truliot zapad, tie mi rekoa:
"me zezash, pa ova e arhitektura od vremeto na Chaushesku i negovata sopruga Elena od Koumunistichka Romanija"
a pak tek lafchinjava ? 100% si mislat deka vo Skopje kke se snima nekoe prodolzzenie od Monti Pajton - Letechkiot Cirkus !? :-I
Од: Milan
Датум: 08.09.2010 03:39:21
a dali besimi bese protiv spomenikot na skender beg?
Од: IKI
Датум: 08.09.2010 13:53:44
Ne go sakav Skopje bidejki bese najgolemoto selo vo makedonija ili najgolemiot begalski kamp ama duri sega so ovie glupi spomenici SKOPJE namesto mladite da se falat so moderna arhitektura ke setaat niz SKOPJE kako niz nekoj muzej od minatoto ili niz zooloska gradina MLADI SKOPJANI KRENETEGO VASIOT GLAS PROTIV LUGETO KOJ SO MISLITE ZIVEAT VO 15 VEK.
Од: se
Датум: 08.09.2010 19:24:10
ednite lavovi licat na transformeri-),e sekoj saka da izleze oa anonimnost osobeno umetnicite,pa eve im se pruzila sansa,i drz ne daj se ispokarale megusebe zs samo od tebe da ima tvorbi,pa nadleznite im udovolile na site i taka na ist most na samo nekolku metri razlicni lavovi...trebalo i sijalicki vo ocite da im stavat na ednite za da bidat vistinski transformeri-))))))))))))))
Од: Stojko
Датум: 08.09.2010 19:53:18
Mnogu ednostavo: ako e protiv lavovite neka si dade ostavka!
Од: Ankica
Датум: 09.09.2010 09:20:17
Kako sto e Todorovic ima takvi polno Todorovici,profiteri i lopuzi.Namesto za zdravstvo, ulici, ucilista,gradinki,tie perat pari zaedno so BOKSEROT i negovata mafija.Ama belki Makedonceto ce se svesti jadno metiljavo telence i ovcicka.
Од: Mene
Датум: 09.09.2010 11:18:29
Lavot izgleda kako lik od animiran film, odvraten e vsusnost, isto kako i megalomanskata opsesija na Grujo. Uzivajte Makedoncinja vo lavovite dodeka crevata vi krkorat od glad.