Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Интервју

Со Филмскиот фонд добивме само хаос

Горјан Тозија

Од „Пред дождот“ не направивме добар филм. Тоа што е квалитетно кај нас не е резултат на работа, туку на случај, претседател на ДФРМ

Сунчица Уневска

Господине Тозија, да тргнеме од состојбата со македонскиот филм моментно. Фактите зборуваат и сами, па веднаш би Ве запрашала зошто ваква лоша состојба кога воспоставивме Филмски фонд, кој толку го очекувавме и кога во филмот овие години се вложува доста?

Состојбата е таква што првпат музиката има повеќе енергија од самиот филм. Композиторите внесуваат низ музиката поголема енергија во фотографијата, во режисерската концепција, па дури и во сценариото на филмот. Мислам дека тоа најдобро ја објаснува сегашната состојба во македонскиот филм. Бидејќи, ова што се случува сега во нашата земја не е трагедија, туку тотален хаос, односно треба да се измисли нов збор за оваа ситуација, дека вакво нешто е непознато досега. А најстрашно е што не е проблемот во парите, всушност, првпат може да се каже дека има пари. Па, сепак, наместо тоа да резултира со успех на македонскиот филм, воопшто го немаме, а меѓу филмаџиите во земјава владее апатија.

Што мислите, зошто е тоа така, кога во последниве години постојано се прават конкурси и се поддржуваат проекти? Во Кан беа претставени дури 76, што беше навистина тотална небулоза. Каде лежи, всушност, проблемот, зошто работите воопшто не се сменија на подобро?

Имаме проблеми со Филмскиот фонд, тоа е наша голема несреќа. Да не се разбереме погрешно, Фондот како идеја е одличен, но не функционира. И првиот и вториот директор на Фондот се луѓе кои се надвор од филмот и она единствено што го направија е дека со државни пари си ја купија титулата продуцент. Првиот со „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски, а вториот со краткиот филм „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи.

Со Фондот не добивме ништо, добивме само хаос, тиранија поради еден погрешен филмски избор и големо понижување. Се создаде ситуација во која немаме ниту еден релевантен филм. Претставувањето во Кан беше циркус, па уште носење новинари да пишуваат за штанд? За такво нешто треба да се консултираат искусни луѓе, директорот на Фондот е погрешен човек на многу значајно место. Се срамев од Кан, се срамам повеќе да одам на состаноците на Европскиот продуцентски клуб, во кој сум член, кога во земјава пет години нема филм.

Сега се очекува излегувањето на три филма. Прво, на „Мајки“ на Милчо Манчевски, а потоа „Ова не е американски филм“, како и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. Што значи тоа, филмовите на Павловски и на Блажевски ги чекаме долго, тие беа поддржани уште со првиот конкурс, исто како и филмот на Столе Попов, кој не е ни почнат. Ќе се смени ли нешто, навистина, со излегувањето на овие филмови?

За жал, нема да се смени ништо. Ќе излезе македонски филм и што ќе се случи со него? Ќе оди на неколку фестивали и толку. Ќе се најде ли дистрибутер за тие филмови? Факт е дека не' нема никаде, не' нема на релевантни места, немаме никаква стратегија, никаков концепт.

Во филмот сега има пари, но прашање е каде отидоа. Директорот на Фондот има повеќе патувања од министерот за надворешни работи. Во овие години се поддржани многу проекти, кои не се излезени и за кои никој не слушнал. Сите се во различни фази, но никој не е во фаза во која треба да биде. Што се случи со кратките филмови, со документарците, никој не ги зема на фестивали. Фондот нема веб-страница, па ништо и не знаеме. И што е најлошо, нема никаква одговорност, никој не одговара за тие лоши одлуки, за тие промашувања.

Но, не гледам можност да се смени нешто. Новиот избор за директор на Фондот треба да се случи во ноември, а веќе се подготвуваат две банди селски мангупчиња, кои мислат дека се помудри од сите, кои доаѓаат од различни партии и се надеваат дека заедно ќе ја добијат власта и ќе бидат главни. Тие луѓе носат никулец на штета. Едниот треба да биде претседател на Управниот одбор, а другиот директор на Фондот. И, ете ви повторно приватно дуќанче.

Како да се излезе од сето тоа, каде е тука Друштвото на филмски работници? Факт е дека ако нешто недостига во нашата земја, особено во филмската фела, тоа е критична маса. Затоа и ништо не се движи. Вие сега сте претседател на Друштвото. Во каква состојба е Друштвото, има ли можност да преземе нешто?

Друштвото на филмски работници отиде на ветромет. Државата не го финансира директно, туку само преку проекти. Но, тоа не е работа на Друштвото. Тоа има општествена задача и за тоа треба да биде финансирано. Друштвото треба да обединува, треба да ги заштитува филмските работници, да води сметка дали Фондот добро работи, да критикува, да предлага, да ја развива работата, да создава контакти. Но, на никој не му одговара да има некој силен на одредено место, што не е од негова партија. А филмот е најлош кога е политички.

Состојбата со самите членови во Друштвото е лоша. Тие се разочарани и апатични. Не им е платено за тоа што го работат, добиваат закани, се плашат дека нема да добијат проект. Мислам дека се многу лошо искористени, и тоа преку филмот. Омнибус „Д’ Скопје“ од девет кр��тки филма, кој се снима четири години. Што е тоа? Во моментот кога младите се најзрели и подготвени да работат, ти ги затвораш. Омнибусот е кратка форма која се прави за една година и со која се гледа потенцијалот на младите. А што подготвуваат тие? Тоа е само залажување, односно начин да се замолчат, да се купат.

Моментно се подготвува нова стратегија за филм. Дали филмските работници се дел од неа или повторно тоа е некаква бирократска работа? Филмаџиите мора сами да се борат за своето место, кој е Вашиот план?

Се подготвува стратегија за која веќе реагирав. Министерката за култура ангажирала луѓе за тоа од Советот за култура и од Филмскиот фонд. Мислам дека во подготовката на таа стратегија треба да учествуваат филмски работници, луѓе кои се најдиректно во филмот. Тоа треба да биде стратегија со која целосно ќе се смени погледот кон филмот, бидејќи, да не се лажеме повеќе, премногу сме длабоко пропаднати. Мислам дека многумина не се свесни дека ќе бидеме единствената земја во светот што ќе прескокнеме една цела технолошка генерација.

Таа стратегија мора да биде стручна, едноставна, применлива, конкретна, кога ќе ја читаш да ја разбереш. Веќе зборував со претставниците на Кинотеката и со оние што работеле на оваа претстратегија, дека во никој случај таа не смее да биде политички памфлет или од оние бирократски документи за култура што се подготвуваат во Стразбур, и во кој има се' освен култура. Тоа треба да е стратегиски документ и да ја даде насоката каде треба да се движи филмот следните години. И ние сакаме сето тоа да биде транспарентно и да има јавна расправа.

Дали во него ќе се регулира и најважното, начинот на финансирање филмови, рокови и одговорност, прашањето за продуцентите, јавноста во работењето на Филмскиот фонд, па се' до изборот на неговиот директор?

Морам да кажам дека таа претстратегија што е подготвена е многу ретроградна. Не смееме да дозволиме да се направи лоша стратегија. Ќе се бориме силно да се промени начинот на финансирање на филмови. Ќе се обидеме да го добиеме тоа што го имаат сите фондови. Да има барем еден претставник од Друштвото во Управниот одбор на Фондот и да се знае точно што е задача на Фондот. ДФРМ има право да биде информирано и тоа треба да соработува со Фондот, а не да има антагонизам. Во Фондот мора да има поширок совет, а исто така и уметнички совет. Освен тоа, за секој проект треба да има човек што ќе го контролира финансиски. Работите не смеат да се во рацете на еден човек.

Каков Филмски фонд, всушност, ни треба, какви се фондовите во другите земји, каков е нивниот начин на работење?

Ни треба Фонд што ќе биде отворен цела година. Потребно е да се стави акцент на сценариото, на развојот на сценаријата, кога ќе се дојде до бројка од 20-30 сценарија, тогаш ќе се најде што е добро. Вака, се снима се', кој е тој што одлучува што е добро? Некакви конспиративни комисии? Бараме на веб-страницата на Фондот да има транспарентност барем 50 проценти од она што го има на хрватскиот сајт, на пример. Зошто на веб-страницата го нема составот што одлучува за мојата судбина? Овде никој ништо не знае. Фондот не може да биде биро за вработување, во него сега нема ниту еден филмски човек.

Сите филмови што добија поддршка откако Фондот е установен требаше да бидат копродукции, а излезе дека освен филмот на Манчевски, нема друга копродукција. Во филмот на Блажевски, Србија даде пари во постпродукција и за сметка на тоа се очекува нашата земја да го поддржи новиот филм на Срѓан Драгоевиќ. Каде го лоцирате проблемот со продукцијата?

Во нашата земја е најлесно да станеш продуцент. Фондот има направено голема штета. Со новата стратегија мислам дека веќе нема да може секој така лесно да биде продуцент. И во земји со најниско ниво на филмска култура, постојат неколку етапи за да се стане продуцент. Но, што да правиме во нашава земја со школи како што се ФДУ и Академијата на Плевнеш.

Околу продукциите се крева голема фама, но мораме да бидеме свесни дека Македонија не е голема земја. За да ги заинтригирате странските продуценти, важна е големината на земјата, нејзиното значење, јазикот, културниот идентитет. Она што, сепак, е најважно е универзалноста на приказната. Копродукции заживуваат само со добро сценарио, добар проект, добри продуценти. Од „Пред дождот“ не направивме добар филм. Она што е квалитетно кај нас не е резултат на континуирана работа, туку на случајот.

На крај, би се осврнала на уште еден голем проблем што го создава самата држава. Се зборува дека повторно има шанси Владата да одобри дополнителни средства, како што беше тоа во два наврата за Манчевски. На пример, за Столе Попов, чиј филм не се помрдна досега од место и не најде копродуцент. Како да се спроведат принципи во работата на Фондот ако Владата на овој начин продолжува да создава култ на авторите?

Култот на авторот требаше да заврши токму со Столе Попов. Тоа сценарио е од пред 16 години и таква поддршка прави многу неповолна клима. Според мене, ако некој нешто може да направи, тоа се само младите автори кои треба да се поддржат.

Еве, да се осврнеме на Кан. Бевме таму, направивме, нели, многу средби. На продуцентите кои се носеа таму им беа давани по 2.000 евра, но што добивме од сето тоа? Што направи директорот Башевски? Србите вложиле кај Блажевски и во филмот за Скопје, што е доста чудно, и сега ние на највисоко ниво ќе поддржиме српски филм. Тоа е понижување.

Како Друштво ќе се бориме со сите средства против ваков начин на работење, ако треба, ќе напишеме и писмо до „Еуроимаж“. Ова е тажна ситуација и мора да се промени нешто. Функцијата на директорот на Фондот е многу важна и таа мора да профункционира. Друштвото работи на проекти, ќе се обидеме да се избориме да им се даде шанса на младите и да се врати енергијата во македонскиот филм. Ако има Филмски фонд, треба да има и технички пандан кој ќе може да го храни филмот, да ги поддржува филмовите, а не само да се даваат пари на продуценти. Не сакаме да има „Фонд за Западен Балкан“, туку „Фонд за забавен Балкан“. Фонд што ќе понуди нешто ново и кој ќе знае што сака и каде се стреми. Новиот избор е во ноември и само посакуваме министерката за култура да има политичка храброст. Инаку, работите ќе останат исти или, не дај боже, ќе станат уште полоши.


#
Статијата е прочитана 1810 пати.

Испрати коментар

Од: sramota
Датум: 07.09.2010 13:57:32
Kako bre ne vi e sram da go objavuvate ova? Zosto ne ne potseti novinarkata na "neverojatnite dostignuvanja" na Tozija dodeka bese direktor na Vardar film i drzaven sekretar vo prethodnata vlada koj raspolagase so siot filmski budzet koj so nekolku citiram "selski mangupcinja" umno si go delea 4 godini megu sebe i i samo za svoi proekti?Sto postignaa filmovite za koi Tozija dade pari? Edno golemo nisto kako i se dosega. Bel den ne vidoa dokumentarni filmovi, kratki i sl. Vece isproban recept i toj nasol da zboruva...
Од: seka
Датум: 07.09.2010 15:09:52
Tozija e kompetenten da zboruva i ja poznav rabotata.Dali vi gospdinee SRAMOTA, zanaete deka Baseski e snimatel bez da fati kamera vo raka ,nabrojte nekoj film ako znaete.VMRO postavi nasekade vo drzavava,pogresni luge na pogresni mesta,pa zatoa e losa sostojbata i vo filmskiot fond.Znaci ubavo vi stoi imeto SRAMOTA.
Од: pravičen
Датум: 07.09.2010 15:47:16
Darko e klasičen reketar, i treba da zamine vo zatvor a ne samo od funkcija
Од: димитар
Датум: 07.09.2010 17:23:00
Тозија добро зборува, лошо прави. Самиот вели дека младите треба да превземат. Само, во кои млади се смета тој. Баталете ги овие сељачишта како Тозија, задоени со некои системи кои се покажало дека не функционираат. Во право е sramota. Што направил Тозија за олку стручно да зборува.
Од: Sergjo
Датум: 07.09.2010 23:54:22
Od vakvi experti kako Tozija, Makedonija stana za nigde. Koga e expert za film sto barase da bide 5 godini sovetnik na pretsedatelot Branko Crvenkovski Neka togas koga SDSM bese na vlast imase sansa da go razviva proizvodstvoto na kvalitetni filmovi ane da se bavi so politika za koe ne e strucen i bez nikakvo iskustvo i kvalifikacii.li
Од: zagrevota
Датум: 08.09.2010 00:20:52
Ако другарот Тозија мисли дека сне анемични и заборавивме на неговите достигнувања и стил на работење многу се излажал. Не само во Македонија туку и за неговото работрење во Јадран филм многу е познато и транспарентно. Ако Тозија вие сметате дека ништо нема направено во Македонија освен Пред Дождот тогаш би ве замолил да му се јавите не Милчо Манчески и му кажите дека неговите филмови после тоа се без вредни. Исто така да му се јавите и на Игор Иванов -изи, Дарко Митрикевски, Теона Митевска и сите останати филмски работници кои направија филмови а вие не го гледате. Ако тоа не е транспарентност тогаш вашите договори во четири очи сигурно дека ќе вплди во развојот на вашиот внатрешен крук.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Се' уште ги нема бројките за ланската сиромаштија
Поплавено здравство
Феноменот на четирите години
Во август и во септември јадам само смокви!
Власта нема само два проблема
Бесими против спомениците
Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“
Отворање на досиејата
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Информации поради манипулации
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Стил 1
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците