Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.04.2012, 18:27

Мислења

Малите луѓе во големата слика

Гордан Георгиев

Дали се преценија нашиве интелект-уалци во леснотијата со која ќе можат да ја создаваат сегашноста и иднината фабрикувајќи го минатото

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

„Треба да ја гледаме големата слика, инаку зошто воопшто би ни требала историјата?“ рече уште во 1941 година големиот Фернан Бродел, еден од татковците на модерната историографија. Бродел, заедно со неговите претходници Марк Блох и Лусиен Фебр се колосите на историографијата на „долг рок“. Нивниот системски пристап кон изучувањето на историјата, нивната критика на „историјата на краток рок“ и „историјата која е предодредена од случајот“ беа ѕвезди водилки на модерната историографија и првиот издржан браник за немешање на политиката во создавање на историјата и иднината. Со тоа, историографијата во голема мера го доби потребниот елан и нужната научна наметка за да се вброи во рангот на општествените науки. Читањето и анализирањето на историските факти распослани на долг рок, земајќи ги предвид и социоекономските, културните, климатските, просторните и технолошките специфики на едно време, станаа нужна методолошка алатка за чесните историчари и историографи.

Намерно го направив овој краток екскурс со единствена цел да се обидам да одгатнам едно прашање кое во суштина е научно, но во последниве години длабоко навлезе во политиката и тоа онаа дневната. Прашањето е – „Каде се грешеше?“ Каде се грешките во толкувањето на историјата, во инјектирањето на непотребни дози историја во дневната политика, каде што македонската научна и политичка елита не се разбраа?

Уште во 2006 година, кога самонаречениот економски технократ Никола Груевски дојде на власт, се случи за мене еден неочекуван, но не нужно негативен, обид за идеолошко профилирање на десницата. Уште тогаш младиот премиер го „јавнаа“ неколкумина видни интелектуалци кои веројатно видоа можност да го просветлат младиот премиер и да ги остварат своите благородни идеолошки замисли. Едниот од нив се викаше проф. Ѓорге Иванов. Тој беше духовниот татко на антиквизацијата. Другиот се викаше Паско Кузман, тој беше човекот за се' и за секој пригода, извршител на антиквизацијата. Третиот е проф. Бранислав Саркањац, постмодерен теоретичар кој, за волја на вистината, уште пред 2006 година се заљуби во најубавите изворни традиции на конзервативната идеологија. Четвртиот е академик Блаже Ристовски, човекот назначен од САНУ (пардон, МАНУ) да ја редактира проскрибираната Енциклопедија. Петтиот е проф. Владо Поповски, по мое скромно мислење еден од најдобрите познавачи на историјата во Македонија.

Овие, и уште неколкумина други, видни луѓе во државава ќе мораат еден ден да одговорат на прашањето како, кога и зошто го прелажаа младиот технократ Никола Груевски да се впушти во оваа губитничка авантура за редефинирање на македонскиот идентитет. Дали се преценија нашиве интелектуалци во леснотијата со која ќе можат да ја создаваат сегашноста и иднината, фабрикувајќи го минатото? Дали можеби го потценија Никола Груевски во фервентноста со која тој ја прими оваа доза на месијанизам? Дали овие наши „д-р Џекил“ го превидоа бескрупулозниот политички прагматизам на Лидерот кој создаде стотици „мистер Хајд“ во сите идентитетски коти на Македонецот? Искрено, тешко ми е да поверувам дека причините се многу поприземни и лукративни. Тоа дури и би ги амнестирало овие луѓе во контекст на денешниов македонски интелектуален жабурник.

Но, јас имам поинакво мислење. Склон сум на мислата дека овие луѓе ја знаеја или навреме ја препознаа профаноста и филистерството на оваа гарнитура властодршци. Исто така, тврдам дека играа на нивната „неукост“ во вообликување на општествената свест. Ете, затоа имаат одговорност. Бидејќи знаеја, а молчеа. Бидејќи знаат, а се' уште ја легитимираат власта и долеваат „знаење“. Ги гледам деновиве некои од нив како грчовито се борат низ медиумите да докажат дека нивните критичари не се во право, дека не сме се разбрале или дека погрешно сме ги разбрале. Едниот вели дека ова антикоманско лудило што ни се случува под негово спонзорство немало врска со антиквизација. Другиот вели дека Енциклопедијата само што не почнала да се дистрибуира, само да ја зашиеле со конци. Третиот, почитуваниот професор, уставотворец и министер во влади на СДСМ, се препоти објаснувајќи дека кукавичките јајца (имиња на скопски улици) подметнати од страна на неговата советничка група не значеле политичка интервенција за обезличување на придобивките од НОБ. Четвртиот, претседателот на државата, молчи ли молчи, ама се појави на прием во грчката канцеларија за врски. Петтиот, проф. Саркањац, одамна насети дека нашиве конзервативци се обични избербатени реакционерни болшевици (колку �� перверзна да изгледа оваа кованица) и навреме се повлече, барем од јавноста.

Не може овие луѓе да бидат во право во сите времиња и во секоја гарнитура да се вклопуваат совршено. Исто така, не може овие луѓе да не разбираат што значи инјектирање „инстант-историја“ под покровителство на непросветлен „мецена“ во власта. И не можат отпосле да се правдаат дека Никола Груевски не ги разбрал нивните идеи или направил карикатура од нив, а тие интимно не се согласувале, а никогаш сопствената „интима“ не ја изложиле во јавност. Ако не ги научиле лекциите на историјата, историјата секако немилосрдно ќе им суди. Можеби во меѓувреме би им помогнало повторно препрочитување на Блох и Бродел. А мене многу ме интересира што уште се подготвени некои од овие луѓе да одработат за да ги остварат личните амбиции? Несомнено, на уставотворците многу ќе им личи да го кршат Уставот преку судиска функција во Уставниот суд.

(Авторот е пратеник и потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1611 пати.

Испрати коментар



Буџетот се сопна пред да прооди
Февруарскиот поход на Црвенковски
Полжав во полн трк
Такси -(про)тест
Е, ако де...



jovan, 06.04.2012 01:13:47
Gruevski prv go *javna* onoj leviot desnicar od Kratovo, koj so negova pomos i dojde na celo na VMRO-DPMNE, koj sega si uziva vo pozadina i tera biznisi kako saka, a kriv za se ke bide Gruevski. Na kraj i karierata na Gruevski ke zavrsi taka. Ke bide kriv za se i sekogo, a *javacite* ke si prejdat vo druga partija, koalicija...... Gruevski e *javnat* od mnogu pomokni oligarsi i tie mu gi naogaat takvite kako onie koj si gi spomenal. Ne e Gruevski tolku mokna figura da moze toj sam, kako nego mu tekne, da menuva istorija, zakoni, politika, diplomatija.....Toj e izvrsitel na nekoj mnogu pomokni koj si ja *ureduvaat* drzavava kako niv im odgovara. Toa e realnosta.
B. Betinski, 06.04.2012 08:25:39
Vaseto skromno mislenje neka si ostane - skromno za site tie intelektualci na koi se povikuvate koi se, vo najmala raka, problematicni. Zosto? Zatoa sto kaj site niv problemot e vo toa sto nemaat nekoj svoj izvoren avtoritet (vo toa sto se vika nauka) pa zatoa se prisileni toj nedostig da go kompenziraat so politicka aktiva makar i na eden indirekten nacin. Toa ne e nesto posebno kaj site niv. Mnogu dobro se znae deka celi filozofski i naucni sistemi najcesto nastanuvaat kako fasada za nekoij „rezidium“ (Е. Dzons) - elementaren poriv koj obelezuva licnost i raboti vo nea cel zivot. Poprosto receno, potrebata za vazenje (vlast) i parite do koi se doagja preku toa vazenje e glavniot dvigatel na site tie tvoi intelektualci koi bile „cesni“, dragi moj Gordane. Taa teorija vazi i za marki kakvi sto se Hegel i Nice, a kamo li za V. Popovski ili B. Ristovski.
FELIKS, 06.04.2012 09:50:18
Нее соодветно е да се коментираат ,,малите луѓе во големата слика,, од страна на ,,малите луѓе од уште помалата слика,,.И да го надополнам jovan околу јавањето.Овие од власта веќе 2015 год.ќе направат 9 год. од изборното јавање на ��ихаќевците,со можност ако има предвремени тоа да го заокружат на деценија ипол јавање.
Прашање, 06.04.2012 12:58:17
Кој те јавна тебе , Феликсе?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 12°C, Мин: -2°C

Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |