Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Катанец: Фантастично Европското првенство

Нашиот селектор очекува дека Германија ќе биде првиот финалист на ЕП

Емил Китановски

Централниот спортски настан европското првенство во фудбал кое што се одржува во Австрија и Швајцарија го однесе и македонскиот селектор Среќко Катанец на фудбалските арени каде што во текот на изминатите денови се биеше битката за пласман во полуфиналето и во живо проследи неколку мечеви.

„Импресиониран су од квалитетот и содржината на ЕП 2008. Меѓутоа, мене како тренер ме радува една работа. Квалитетот на екипите се приближува, што можеше да се види на повеќе натпревари. Нема исклучителен фаворит на првенството, и секоја екипа која што се пласира на ЕП според индивидуалниот квалитет кој го поседува може да оди до крај“, резонира Катанец. И навистина елиминацијата на фаворизираните Холандија, Хрватска, Италија и Португалија, и пласманот на Турција и Русија во големата четворка на ЕП, е конкретна потврда на зборовите на македонскиот селектор. Сепак, словенечкиот стратег анализирајќи ги последните мечеви, изнесува уште неколку интересни забелешки.

„Само во една секунда можат да се случат работи или ситуации на кои тимот подоцна не може да има контрола. Како пример во овој случај ќе ја земам трагедијата која што му се случи на Холанѓанецот Буларуж кој го загуби своето дете, чин кој сигурен сум дека остави длабока трага на тимот. Холанѓаните поради оваа работа одиграа барем 15 проценти послабо од своите објективни можности и не беа на истото ниво од претходните мечеви, тоа е факт. Оваа работа одлично ја искористија Русите кои знаеја да поентираат во случајот“, истакна Катанец.

Во анализата на досегашните натпревари на ЕП 2008, македонскиот селектор го потенцираше и новиот тренд кој го подвлече и запиша во својот бележник. „Постои тренд тимовите на шампионатот да играат само со еден класичен шпиц, и двајца играчи кои формациски добиваат и малку поинакви задачи. Ќе го земам примерот со тимот на Германија. На првите три средби играа со тројца напаѓачи. Ним им се придодаваше и Балак од втор план, а тоа значи дека Лев форсираше тотален ��апаѓачки фудбал. Сепак, видовме дека работите не одат баш така лесно и Германците одвај и со среќа се протнаа во втората фаза, по што мораа да ја менуваат тактиката. Гомез се пресели на клупата, а Клосе остана сам истурен во нападот, по што се разигра средната линија на Германците и тие успеаја да го елиминираат големиот фаворит на првенството, тимот на Португалија“, истакна Катанец. Според него сега во последната фаза од шампионатот е најважно тимовите да можат да ги издржат физичките напори, бидејќи турнирскиот систем на натпреварување, комплетно ги истрошува играчите.

„Јас и понатаму ја протежирам идејата дека ваквите првенства треба да се одржуваат, најмалку еден месец по завршувањето на националните првенства на Стариот континент. На пример, Русите дојдоа најподготвени и најодморни на првенството. Нивното првенство се игра во друг термин, и фудбалерите на Гус Хидинк имаа доволно време добро да се одморат и подготват за напорите. Сите други репрезентации, односно фудбалери добија само седум дена одмор и веднаш заминаа на подготовки со нивните тимови. Постојаното играње, ги донесува во подредена ситуација главните фаворити и затоа јас протежирам европските првенства да се одржуваат еден месец подоцна, односно тогаш кога сите екипи ќе бидат комплетно одморени и подготвени“, заклучи Катанец.

За него прв фаворит за пласман во големото финале е составот на Германија, бидејќи Фатих Терим мака мачи со повредени и казнети играчи. „Во втората полуфинална пресметка Шпанците еднаш веќе им дадоа четири голови на Русите и имаат психолошка предност пред овој значаен меч. Мислам дека карактеристиките на оваа екипа не им одговараат на Аршавин и другарите, бидејќи Шпанците имаат ниски играчи, тактички и технички одлично подготвени, и силни во играта со топка. Згора на тоа, Русите прикажаа исклучително лоша игра при прекините во играта, кога не маркираат играч, туку одбраната ја базираат на класична зона, што можеше и тоа како да им се одмазди на мечот со Холандија. Сепак, овој меч може да донесе многу изненадувања и затоа ќе речам дека не би сакал да прогнозирам која репрезентација ќе и се спротистави на Германија во големото финале“, заврши селекторот Катанец, со констатацијата од која јасно можеш да се види кој тим е негов фаворит на првенството.


Статијата е прочитана 867 пати.

Испрати коментар

Од: MILENKO
Датум: 24.06.2008 00:51:19
Srecko e zakon... ke ne odnesi na svetsko.. prajte go budala :)
Од: kiko
Датум: 24.06.2008 06:57:49
Da,na toa negovoto...eden mesec posle redovnoto

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Потрага по државни непријатели
Жолт картон за Македонија од Стразбур
Зденко
Доживотен затвор за убијците на децата од скопска „Чаирчанка“
Претходен број
Демократски храмови
Велимир Стојковски нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Далеку е Брисел
Предметот „Липковска брана“ доставен до Обвинителството
Драматичен скок на цената на бензините - еден литар 80,5 денари
Новинарите возвраќаат- Интервјуто на премиерот е скандалозно
Откриена нова димензија на стварноста
Verbatim