Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа-Балкан

Далеку е Брисел

Иван Торов

Какви се реперкусиите на ирското "не"на Лисабон врз понатамошната европска перспектива на државите од балканскиот регион

БЕЛГРАД - Ирското референдумско "не" на Лисабонската спогодба како да станува вистински кошмар за Брисел, без оглед колку водечките членки на ЕУ се обидуваат да ја прикријат својата нервоза. Сите, помалку или повеќе, се затекнати, но сепак се надеваат дека нема да се случи најлошото - поради отпорот на една помала членка, Европската унија да биде блокирана од 1 јануари идната година. За разлика од релативниот оптимизам на Јанша и на Рупел, кои деновиве го завршуваат шестмесечното претседателствување со Унијата, новиот кормилар, францускиот претседател Саркози е позагрижен за крајниот исход од новонастнатата криза. Уште повеќе, бидејќи постои реална опасност уште некоја од преостанатите осум земји, чии парламенти треба да го ратификуваат лисабонскиот "устав", да тргне по ирските стапки.

Како што изгледаат работите моментално (ако во меѓувреме не се смисли нешто спектакуларно), цехот на ирското спротивставување најверојатно, први ќе го платат потенцијалните нови членки на ЕУ, балканските држави, кои веќе се построија пред бриселскиот шалтер, но и Турција. Последниот самит во Брисел покажа дека полемиката дали проширувањето на Унијата со нови членки ќе биде блокирано (за што категорично инсистираат Франција и Луксембург), не е без основа, и покрај охрабрувачките пораки до балканските престолнини помалку да размислуваат за Ирска, а повеќе за интензивирање на своите подготовки за приближување кон ЕУ. Во прв план, секако, се Турција и Хрватска. Додека преговорите со Анкара ќе бидат покомплексни, покомплицирани и понеизвесни поради енергичното спротивставување на некои европски земји за приемот на оваа муслиманска држава, односно ќе потраат, Хрватска, судејќи по се', ќе биде прва која ќе почувствува реперкусии од негативниот исход од ирското изјаснување. Нејзината оптимистичка варијанта дека следната година ќе стане 28. членка на ЕУ, сега е во втор план. Таа можност, секако, беше донекаде неизвесна и пред ирското "изненадување", бидејќи повеќе беше плод на желбите на Месиќ и на Санадар и лобистичкиот притисок на некои водечки членки, отколку процена дека Хрватска ги исполнила сите предуслови за прием. Ако се суди според повеќе пати повторуваниот став на францускиот претседател, и Хрватска ќе мора да почека ЕУ во меѓувреме да најде излез од ќор-сокакот во кој западна.

Што се однесува до другите земји од балканскиот регион, тие, главно, се таму каде што беа и досега, и нивното напредување кон ЕУ многу повеќе зависи од брзината и длабочината на реформите што им се поставени како услов, отколку од (не)извесноста како Брисел ќе ја реши сопствената криза. Накратко, нивниот пат во Европа ќе биде долг, подолг отколку што се претпоставуваше, но првенствено поради сопствена вина.

Македонскиот пример можеби е најилустративен за тоа. Иако стекна статус на кандидат уште во 2005 година, државата ја прокоцка својата шанса со катастрофално лоша организација на последните парламентарни избори, но, објективно, се' тргна надолу уште пред две години кога власта ја освои ВМРО-ДПМНЕ и ја "презеде" грижата за евроатлантските интеграции. Иако би можело да се полемизира околу тоа што е причина, а што последица, тоа нема да го намали впечатокот дека и македонските политичари со своето однесување придонесоа спорот со Грција околу името на државата во меѓувреме да се претвори во двојно вето: првото, од Букурешт кога на Македонија, и покрај најавите и ветувањата, не и' беше упатена покана за зачленување во НАТО, и второто, најново, од Брисел, од каде што е порачано дека "пронаоѓањето меѓусебно прифатливо решение" во преговорите со Атина, е уште еден, дополнителен, можеби и најтежок, а сепак, неофицијален предуслов за да може Македонија да се придвижи од мртва точка. Дури и ако свесно се занемари впечатокот дека Скопје практично е казнето поради насилствата на парламентарните избори. Грција, без сомневање, ги искористи тие нови околности за и самата да придонесе за продлабочување на кризата во македонското општество.

Србија, за разлика од нејзиниот јужен сосед, во меѓувреме, донекаде ја поправи својата позиција кон ЕУ. Сите некако ја охрабруваат во надеж дека ќе се формира т.н. проевропска влада, дури и со нереформираните социјалисти на Милошевиќ. Според принципот "дај што ќе дадеш", се' е подобро од влада на Коштуница, Шешељ и Дачиќ, во Брисел се надеваат дека ССА наскоро ќе биде ратификувана во новиот српски парламент. Сепак, нејзината и примената на Преодната спогодба ќе зависат од подготвеноста на идната "жолто-црвена" коалиција (ДП и СПС) да ги испорача во Хашкиот трибунал тројцата бегалци: Младиќ, Караџиќ и Хаџиќ. Минатонеделното испраќање на Стојан Жупљанин во Хаг е сфатено како добра најава, но, за волја на вистината, Србија на патот кон Европа ја чекаат уште многу пречки, од Косово до стравувањето дали владејачкиот "гемишт" од демократи и социјалисти ќе ја воспостави прекупотребната внатрешна стабилност.

Додека Албанија и Црна Гора допрва ги очекуваат порадикални внатрешни реформи за да пречекорат уште едно скалило на патот кон Европа, во овој момент најсреќна е -Босна и Херцеговина. Пред неколку дена потпишана е ССА, но рака на срце, малку кој верува дека Сараево има капацитети да оди подалеку од оваа спогодба. Дејтонската формула на државата, судејќи по се', веќе одамна е надмината и станува контрапродуктивна, но секој обид таа да се смени за момент може да ја претвори Босна во полигон на обновени судири. Компромисот околу заедничката полиција, поради кој Брисел го одобри потпишувањето на ССА, само создаде привид дека нешто исправно се случува во оваа држава. Додека премиерот на Република Српска го продолжува серијалот на националистички изјави со кој се продлабочува јазот меѓу Сараево и Бања Лука, мостарските судири на Хрватите и Бошњаците по фудбалскиот натпревар Хрватска-Турција најавуваат дека во односите меѓу трите конститутивни народи во БиХ и понатаму многу работи не штимаат.


Статијата е прочитана 758 пати.

Испрати коментар

Од: chemistry
Датум: 24.06.2008 07:21:40
Izgleda gospodine Torov trebase da gi ostavime na vlast Petkovski,Orovchanec,Sekerinska i Stoleta Andov da gi sharmiraat Grcite i taka so nivnata milozvucnost,sjajot koj postojano zraci od nivnite oci i milozvucnosta na nivniot glas tie od FYROM ke ne prekrstea vo FGROM-Former Greek Republic of Macedonia.Ve smetav za malku posovesen novinar od ova.Pa koj ne prekrsti vo FYROM gospodine Torov?Sakam da napisete edna kolkumna i da ni kazete jasno i glasno za celokupnata istorija na problemot.Dali toa bea Gligorov,Frckoski,Maleski,Crvenkovski i Andov ili bese Gruevski koj go smena naseto ime vo "PRIVREMENATA"referenca FYROM.Ma dajte bidete poozbilni vi se molam.
Од: devicanec
Датум: 24.06.2008 08:24:43
Ima li gospodinot torov svoe mislenje. Ili se prefrluva od tema na tema? Pa neka znae toj otvoreno i sto i da napravi ovaa a i bilo koja druga Vlada, ce bideme blokirani od Grcite. Gleda li toj kako se odnesuvaat golemite drzavi koi ne priznavaat pod ustavno ime: Vikaat najdete si ime vo dogovor so grcija. A toa sto ne priznale pod ustavnoto ime, samo bucko, secerinka , ilinka i site ostanati od SeDeSeto neka si djuskaat na plostad. Problemot e vo toa sto Kiro, Branko , Denko , Frcko i ostanati, potpisaa da pregovaraat za nepostoecki problem. I da rabotat po vremena spogodba, koja ne e ratifikuvana, t.e. ne vazi za Grcite. Kade se nasite pravnici, prvo da odredat pravna strategije vo ovoj nepostoecki spor, pa ce vidime site kade sme!
Од: mitko ja znae sostojbata
Датум: 24.06.2008 08:44:02
Gospodine Torov se ova sto go pisuvate nisto ne im znaci na Makedoncite. Tie veke si se opredelija protiv integraciite. Nesto Amerikancite malku poagresivno se trudat da nametnat nekoe resenie nabrzinka preku predlozite na Nimitz, ama mislam deka nabrgu i tie ke se otkazat. I ova se odnesuva samo za NATO Vo EU Makedonija nema sto da bara. Veke skoro site analiticari ni velat deka veke sme zad Albancite. Toa ni go napravija ovie VMRO-ovci so nivniot golem patriotizam i bugarskite pasosi. Edinstvena iskra na optimizam za Makedoncite so Grujo na vlast e deka naskoro nekoi od niv ke mozat da si zemat srpski pasosi i so niv slobodno da patuvaat po Evropa bez vizi.
Од: Marko
Датум: 24.06.2008 10:38:52
Од ден на ден испраќаме јасни пораки до светот дека сме зрели за сериозен меѓународен мониторинг.
Од: nikolova
Датум: 24.06.2008 13:16:51
Nesto ocito ne ni e jasno.So sila onie koj ne te priznavaat gi molis da te primat vo drustvo.Moze li vaka da gi postavime rabotite.Rabotete vredno,vladata da si gi ispolni kriteriumite i koga ke dojde vreme sami ke ne pobaraat.Imeto se dotogas dodeka nie ne vidime deka sme spremni za EU da ne si go dademe.Makedonci bidete gordi na zemjata Vasa,SAKAJ TE ja i vredno rabotete se ke dojde na svoe mesto.Nisto so usilenost.
Од: Борче
Датум: 24.06.2008 19:17:10
100 % сте во право но овај глупав народ ништо не разбира
Од: Luben Todorovski
Датум: 24.06.2008 20:22:53
I koga Makedonija kje vleze vo EU ke cvetaat rozi, se drugo ne e vazno. Napisov e primer kolku e pateticen makedonskiot intelektualen potencijal, narocito toj od levata strana na ravemkata. Cisto nemozam da svatam od kade toj natprevaruvachki duh, koj prv kje stigne vo supertvorbata narechena EU. Sirenjeto na EU e povekje benefit na starite chlenki nego li na tie koi neodamna se pridruzija na unijata ili ke i se pridruzat. No za zhal kontinentalniot del na starata evropa zhivee vo edno drugo vreme i se zasniva na nekoi stari kvazi-ideali (ochigledno bliski na avtorot). Kako posledica Evropa kako kontinent i EU kako supertvorba kje nazaduva vo svetski ramki. Dodeka Brisel si igra cirkuz, i dozvoluva edna lakrdija od Grchka politika da stane nachin na deluvanje, razvienite zemji na noviot svet i BRIC kje gi igraat glavnite ulogi vo formiranjeto na novata globalna civilizacija. No sekoj si go dobiva toa shto si go zasluzhuva.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Потрага по државни непријатели
Жолт картон за Македонија од Стразбур
Зденко
Доживотен затвор за убијците на децата од скопска „Чаирчанка“
Претходен број
Демократски храмови
Велимир Стојковски нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Катанец- Фантастично Европското првенство
Предметот „Липковска брана“ доставен до Обвинителството
Драматичен скок на цената на бензините - еден литар 80,5 денари
Новинарите возвраќаат- Интервјуто на премиерот е скандалозно
Откриена нова димензија на стварноста
Verbatim