Зошто великодостоинствениците (Боже, каков стравопочитувачки збор!) сакаат да остават впечаток дека заемните односи им се супер, дека се почитуваат, дека имаат убаво мислење за своите претходници, знаат да простуваат...? Во практика, нема ни трага од тоа.
Најдобра потврда можеби е односот спрема починатите архиепископи, особено спрема г.г. Гаврил и г.г. Михаил, кои буквално се отфрлени во селската црква во Радишани. Надвор од сите канони и христијански обичаи ги погребаа во неосветена и неизградена црква и ги заборавија. И прикаската да е уште потажна, црквата се' уште се гради. Значи, станува збор за однесување во кое ја нема почитта. Не покажуваат дури ни најелементарен човечки однос спрема некои кои дел од своите животи и' ги посветиле на МПЦ, чии благодати ги уживаат оние кои тие двајца архиепископи ги направиле владици.
Додека беа живи, им се поклонуваа до бескрај, трчаа да им ја бакнат раката, да им се додворат... Како христијанството да проповеда почитта да трае додека и животот! Потоа, се' паѓа во заборав. Нормално, никој од владиците, па и г.г. Стефан, ни во сон не би ги прифатиле ваквите тврдења. Тие имаат свој дежурен одговор, многу пати слушнат: починатите се присутни во нивните молитви. Можеби е и така, но и сите ние се молиме и се сеќаваме на оние кои веќе не се меѓу нас, ама, пак, одвреме-навреме ги посетуваме и нивните вечни почивалишта. И тука, колку и да звучи чудно, се разликуваме од оние кои раководат со МПЦ.
Далеку од тоа дека дедо Гаврил и дедо Михаил биле светци. И тие имале свои доблести и мани, но биле заслужнида бидат во колективната меморија на Македонците. Конечно, со кое морално право нашите владици бараат православниот свет да ни ја пр��знае автокефалноста на МПЦ, а самите не ги почитуваат оние кои ја создавале?
G.g. Gavril e eden od napostenite svesteni velikodostojnici. Toj kolku se secavam prv ja prevede Biblijata na Mk jazik. Eden poznanik vo doverba mi kaza( ne znam kolku e toa tocno) deka istiot go predviduval seto ova, duri vo poverenie mu rekol deka i siseto rakija , so koe go pocestil go kriel, plasejci se da ne go zatrujaat negovite najbliski " velikodostojnici" Osnovna negova mana bese sto ne sakase da zaigra ' politicki tanec" po poracka na edna partija. No g g. Stefan, namesten na taa polozba so silna politicka podrska, toa oro go zaigra vo odlicen stil No Bog gleda pa kaznuva i nagraduva za se.
Од: Ljubotan
Датум: 08.07.2009 01:31:57
Bravo Biljana:Super napis, na eden ubav nacin im pojasni na tie sto sakaa .da te IZRESETAT!.Ovi sto te iznapadjaa se od armijata za ;Dnevno Politicka Upotreba! Jas licno za Metodije Gogov mislam bese malav ili pak nikakov duhovnik,a znam i Bese golem ateista, ni traga od Duhovnik,ama za politikata,samo Nestor Popovski mu bese raven,a i poaren Nestor bese! Dvajcata bea na; Ista linija. Po togasnite preki zakoni vo 1945 god.Dvajcata trebase, da bidat strelanin,a Nestor ne otidna nivo Idrizovo! Metodije ,Politickata superiornos na Nestort slabost ja nastasuvase so negovata Pojava i Oratorstvo! Patot na Gospodin Gogov vo nisto ne bese Svetootacki,ama toa nee pricina ovie denesni,,PREOSVECENI", da ne go pocituvaat politickoto deloto na Gospodin Gogov,zosto toj gi namesti tamu kade se Ovie ,,PREOSVECENI" Site bea deca na SDB na Yugoslavija[sluzba drzavne bezbednosti] a specialno najstariot po hirotonisanje!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 08.07.2009 09:19:22
Една исправка на ваша „невина“ грешка: Гаврил и Михаил не се најзаслужни за Автокефалноста, Туку СКЈ и СКМ!!! Без нив не би постоеле ниту едниот, а ни другиот!!