Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Втора страница

„Евро-Балкан“ сугерира да прекинат преговорите

Прекин на преговорите или продолжување на техничко ниво, само за двојна формула за употреба само од страна на Грција и сето тоа само како гест на добра волја за развивање добрососедски односи, сугерираат од Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, каде што вчера беа објавени резултатите од направената анализа „За името - соочување и деконструкција на грчките ставови и аргументи“.

Директорот на „Евро-Балкан“, Јован Донев, и Јана Лозановска од Институтот на прес-конференција порачаа дека македонските најсилни аргументи се меѓународното право, а јавноста треба да знае кои принципи и членови на Повелбата од ОН се прекршени. Тие не очекуваат преговорите да завршат до крајот на оваа година и сметаат дека ќе траат уште многу долго. Според нив, Македонија досега има направено многу, како што велат, концесии спрема Грција и време е и таа да направи некакви отстапки.

Донев смета дека доколку се прекинат преговорите за името со Грција, тоа ќе значи незачленување во НАТО, вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а во однос на стабилноста на Македонија и на регионот, во моментот нема никаква закана.

„Меѓународната заедница знае дека Грција прави насилство врз Македонија. Со тоа што учествува во сето ова, односно ја поддржува Грција, може да се смета за соучесник“, велат Донев и Лозановска од „Евро-Балкан“. Тие посочуваат дека основната грешка е што воопшто се почнати преговори, укажувајќи дека на Македонија се' уште и' недостига сериозна стратегија за преговорите, недоволно ја разбира суштината на спорот и е недоволно екипирана. 

„Нимиц го прошири својот мандат. Македонската страна не го поставила прашањето за мандатот на Нимиц и со кое право го отвора тоа прашање. Неговиот мандат е да разговара само за името“, рече Донев. Македонија има наполно легитимно право да ги нап��шти преговорите, потенцира тој.

Според директорот на Институтот, од аспект на меѓународното право, доколку се анализира генезата на спорот, Македонија не е еднаков партнер во преговорите од самиот почеток, има директно мешање во внатрешните работи на земјава од страна на Грција. Исклучително важно, нагласува Донев, е оти инсистирањето на Грција за промена на името на Република Македонија значи повикување на принцип кој не постои во меѓународното право, а тоа е разграничување на античка и современа територија, што може да предизвика нови кризи во регионот. (МИА)


Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 07.07.2009 20:04:14
Ја открија Америка. Имала Македонија право да ги прекине преговорите. Па никој не ја тера Македонија да преговара со сила. Можеме утре да кажеме дека не сакаме да преговараме. Нема да влеземе ни во НАТО ни во ЕУ и ќе останеме слепо црево на Европа. Нека објасни господинот Донев како ќе не нарекуваат тогаш во сите меѓународни огранизации: Македонија или FYROM како и до сега. Што тоа ќе добиеме со прекинување на преговорите?
Од: NATO-JATO
Датум: 08.07.2009 00:05:08
E konecno nekoj da kaze dobar, ne dobar odlicen predlog.Bravo zainstitutot Evrobalkan!
Од: Mihajlov-Basel
Датум: 08.07.2009 00:41:29
Mora da se otrezneme i da razbereme deka Makedonija kako nacija od 1.3 milioni nema shansi za opstanok ako ne vlezeme vo EU. Isto taka pominaa vreminjata, koga mozhevme da si ja pishuvame istorijata, kako nam ni se bendisuva i da ostaneme zhivi, vo obedineta Evropa, toa nema da ostane bez posledici.
Од: University Professor from USA
Датум: 08.07.2009 01:28:56
Najzrelo razmisluvanje, Bravo! Toa e vistinskoto resenie, a se dugo sto vi podmetnuvaat domasnite i stranskite mesetari se samo za pari iznudeni resenija i site se stetni za Makedonija. Slobodno kazetemu na site deka ne vi trena nitu NATO nitu EU vavi kakvi sto se. Koga ke ja smenat politikata kon Makedonija, e duri togas ke mi kazite dek ke go prasate narodot dali go sak NATO ili EU. Da ne popustatte pod nikavi uceni. Prekinetegi site pregovori, oti tie ne vi se od interes. Taka da mu kazuvate na mesatarite sto ve lazat da go smente imeto. Gordi o napred Makedonijo!
Од: fatmir
Датум: 08.07.2009 02:11:04
Long Live Republic of North Macedonia
Од: Албан
Датум: 08.07.2009 05:27:38
Во ред г. Донев, сето тоа го знаеме и прифаќаме. Но во моментот немаме потреба од анализа за заклучување на тоа што се случува сега, туку за она што допрва ќе се случува. Драпање по гради не е решение. Кажете ни како, откога ќе ги прекинеме преговорите, ќе обезбедиме да го зачуваме името? Како ќе спречиме да САД, ЕУ па и Русија не ни се свртат против? Политиката на “ако треба и корења ќе јадеме“ само ги осудува идните поколениа да станат овци за стрижење.
Од: Milosh Batkoski
Датум: 08.07.2009 05:40:49
Vistinski poteg!!! Nikogash ne docna za pravo reshenie! Imeno, od samiot pochetok prekrsheni se mnogu megjunarodni principi (megj. pravo - Povelbata na OON i drugi). Shto se odnesuva do dosegashnite otstapki kon juzhniot sosed mozhat da se smetaat kako chekori za dobrososedski odnosi, no ponatamoshni pregovori so posredstvo na Nimic, koj patemno si go proshiri mandatot, odnosno prashanjeto za pregovorite a samite pregovori preminaa vo apsurd i nadvor od site gorespomeati megjunarodni pravila. Milosh Batkoski
Од: Petre
Датум: 08.07.2009 07:43:22
zosto nikoj od Bukurest navamu ne im go plesna v lice na EU deka Grcije ne dozvoli priem na Makedonija vo NATO ni pod vremenoto ime Fyr Macedonia !??? ... pa ispaga deka Grcija NE go priznava ni toa ?, navodno NE go ratifikuval parlamentot ??..SRAMOTA, za ova treba da se NAGLASUVA vo sekoj kontakt so pretstavnicite od EU i drugi , neka ne maskiraat, se raboti za odluka na OOUN...
Од: kule
Датум: 08.07.2009 08:44:35
Меѓународната заедница знае дека Грција прави - polaznata pretpostavka e pogresna i site zaklucoci podocna se skroz na skroz netocni. So vakvi "strucnjaci" samo ja oteznuvate pregovarackata polozba na Makedonija i odi na steta na gragjanite na RM. Chumu?
Од: mone
Датум: 08.07.2009 09:03:26
abe kakvi pregovori???!!! treba pod itno da se prekinat!!! ke pregovaras so grci???!!! nema sansi!!! i bez toa 20 godini veke pregovarame i nisto fajde, nema ni za 2000 da se dogovorime!!! i da se postigne nekoj "kompromis" garant ke bide na nasa steta, a i togas e prasanje dali ke ispolnime nekoi "drugi" uslovi za vlez vo nato i eu. zosto nie da pocituvame nekakva si privremena spogodba, koga grcite ne ja pocituvaa lani i ne dozvolija da vlezeme vo nato ni pod privremeno ime???!!! a i bez toa dzabe vezeme, i nato i eu poprvo ke se raspadnat otkolku nie da vlezeme tamu :)))
Од: Лицемерие на НАТО и ЕУ, но, и дилетантизам на македонската дипломатија!
Датум: 08.07.2009 09:28:21
Целосно се согласувам со оние читатели што потенцираат хипокризијата на земјите членки на ЕУ и НАТО! Меѓутоа, сигурен сум дека токму дилетантската македонска дипломатија е најголем виновник што ја заглави Македонија како „пиле во канап“! Со низата грешки што ги правеше и се уште ги прави (глупоста со знамето, прифаќањето на ФИРОМ, преименувањата на аеродромите, стадионите, спомениците, антиквизацијата итн.) македонската дипломатија и помогна на Грција, на меѓународен план, да ја легитимира својата ирационална и апсурдна политика за натурање на име на друга држава (без преседан во светската историја), како и на нејзиниот народ, јазик, култура и слични национални обележја!
Од: Балкан Експрес
Датум: 08.07.2009 11:13:45
Најнезрело размислување! Браооос! Вистинско решение! Не ни треба НАТО! (тоа е сигурно и онака немаме војска!) А и ЕУ, па што ќе ни се, ние си имаме Талентисана Блада за сè. Дури - ни рецесија немаме, а не „као некои ш`о отидоја у Европа“! Се повторува Заблудата дека сè е до Името, а ние совршени и спремни - стоиме на Прагот!!! Какво лудило! Најверојатно „на прагот“ ќе бидеме и наредните 100 години, колку што планираат да траат!
Од: vlatko
Датум: 08.07.2009 11:19:06
Prekin na pregovorite kako reshenie za problemot so imetoe e isto kako sto nojot ja pika glavata vo pesok za da se zashtiti od opasnosta. Problemot so imeto ne e praven pa da se bara ili sugerira pravni chekori. Problemo so imeto e politicki i delumno istoriski. I kako takov, edinstveno mozze da se reshi so politicki reshenija: kompromis, promena na nashiot stav sprema Grcija i Grckata Makedonija. Najkatastrofalna greshka na site nashi politicari e sto samite go eskaliraa i go dovedoa na nivo na nacionalno, kulturno i etnicko prashanje. I ako go smenime imeto vo Severna Makedonija, nitu neboto kje ni padne na glava, nitu kje iscezneme, nitu "kje ni se skrshi kicmata". Vakvi histerii se digaa vo 1993-ta koga go prifativme FYROM, pa nishto ne se sluchi losho. Dajte ednash za sekogash da ja zetvorime ovaa glupost i da se posvetime na raboti koi navistina se vazzni, kako na primer podobruvanje na zzivotot na site lugje vo Makedonija i toa vo site kategorii - ekonomski, ekoloshki...
Од: Aleksandar Mihajlovski
Датум: 08.07.2009 12:02:44
И повторно овој несреќник кој ни го докопува гробот дава хаотични и несреќни изјави. Од типот никој не спори па дури ни Грција дека вие имате посебен идентитет и јазик, само што мал проблем е каква ќе биде референцата (името) на истите на англиски. Е па луѓе и никој не спори, па дури ни Грција дека ние имаме посебна држава, само мал проблем е нели, како ќе се вика истата. И на изјави од таков тип, нашите новинари на пресот дремат ко заспани убавици и не го бомбардираат со прашања, туку ни пласираат во ударни вести дека Нимиц ни кажал дека сме нација со посебен идентитет и јазик. Е де треба топрва име да им ставиме. Малку попосебно нели. Бог нека ни е на помош!
Од: Јоне
Датум: 08.07.2009 13:16:49
Донев и Лозаноска се во право кога велат дека спорот со Грција треба да се решава со право и на суд. Медијацијата трае веќе 15 години и не дава резултати.Тужбата што ја вложивме требаше да предизвика реакција на Грција,веднаш влез во НАТО и веднаш датум за преговори.Изостанувањето на такви резултати дава можност да се заклучи дека Привремената спогодба не ја загрижува многу Грција.Ние пак,немаме време да истражуваме зошто е тоа така. Заради тоа,треба да се прифати предлогот на др.Јанев(се чини Данев и Лозаноска се поблиску до него),или:1.Пред Меѓународниот суд на правдата да се поднесе тужба против Грција за утврдување на ништавност на Привремената спогодба(судската одлука е обврзувачка);2.Жалба против Грција пред Европскиот суд за човекови права заради кршење на човековото право на идентитет,член 8,9 и 10 од ЕКЧП(одлуката на судот е обврзувачка).
Од: Никола - Профи
Датум: 08.07.2009 13:40:11
Овие анализи и истражувања се најдобри и комплетно. Долгиот временски период од комплексните дебати, сигурно допринел да се донесат овие издрани заклучоци , кои треба да се применат. Поздрав.
Од: Владо
Датум: 08.07.2009 17:58:04
Ова е како татко кој од патријархални причини се преправал дека не забележал оти ќерка му е во поодмината бременост, во седми месец да речеме, и сега кога веќе нема бегање од стварноста, панично вреска, барајќи од неа да абортира. Ех, од овој народ кој, кога браќата Рајт веќе се вивнувале во воздухот со својот нов пронајдок, правел топови од црешови трупци и не може нешто поумно да се очекува. Епа, Македонче, ако стварноста е сосема поинаква од состојбата на твојата свест, тогаш дотолку полошо по неа, нели?

Најди! во Утрински
Втора страница
Verbatim
Нимиц донесе модифициран предлог
Карикатура
Шведските предизвици наспроти македонските
Се' за слава на живите