Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Малите хидроцентрали заглавија во хартии

„Енерџи Зотер Бау“ беше подготвена уште лани да почне да ја гради првата од 16 мали ХЕЦ

Маја Томиќ

Тешко се реализира инвестицијата на „Енерџи Зотер Бау“. Работите заглавија во административните процедури. Владата барала од компанијата дополнителни документи кои сега биле во процедура на обезб��дување. Така што се' уште нема ништо конкретно од кажаната инвестиција, иако лани во јули министерот за економија, Фатмир Бесими, со оваа австриска компанија го потпиша договорот за добивање концесија за 16 локации за изградба на мали хидроцентрали. Нивната вкупна моќност, според договорот, изнесува 6,62 мегавати, а е планирано просечно годишно производство на струја од 26,48 гигават-часа.

Претставникот на компанијата, Самоил Целески, пред една година изјави дека вредноста на инвестицијата е околу 15 милиони евра и информира дека фирмата е технички и финансиски подготвена веднаш да започне со изградбата. Притоа, според неговите зборови, првата од централите ќе биде пуштена со работа на почетокот на 2010 година.

Во средината на осмиот месец од годината се' уште ништо не се случува со инвестицијата и неизвесно е дали во наредните две години, до кога е крајниот рок, навистина ќе проработат сите договорени 16 централи на „Енерџи Зотер Бау“.

Во Министерството за економија велат дека не станува збор за пробивање на договорени рокови и дека за сите концесионери за мали ХЕЦ важи истото: во рок од три години од потпишувањето на договорот да се заврши со изградбата на централите и да започне производството на струја.

„Компанијата ’Енерџи Зотер Бау‘ е во завршна фаза на обезбедување на потребната документација за проектот. По препорака на Владата мораше да се направат извесни промени во техничкиот дел на списите, поради специфичностите на теренот каде што треба да се гради. Затоа се доцни со дел од документацијата. Но, за осум хидроцентрали оваа компанија веќе ги има комплетно потребните акти, одобрени од Владата. Како и да е, роковите во договорот се' уште не се пробиени“, вели Селвет Барути, портпаролка во Министерство за економија.

Од оваа институција појаснуваат дека од почетокот на годинава досега се потпишани 35 договори за концесии за мали хидроцентрали, доделени на првите три јавни огласи. Нивната вредност се проценува на 39 милиони евра. Станува збор за централи со вкупен капацитет од 21 мегават, а тие треба годишно да произведуваат вкупно 85 гигават-часа струја.

Моментно се врши евалуација на пристигнатите понуди од четвртиот јавен оглас за 32 мали ХЕЦ. Се очекува до крајот на септември да се донесат одлуките за доделување на концесиите, а во октомври и ноември треба да се потпишат и договорите. Сега се спроведуваат активности за објавување и на петтиот јавен оглас на кој треба да се дадат околу 50-60 локации за мали ХЕЦ, велат од Економија.


#
Статијата е прочитана 804 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 18.08.2010 00:31:56
Алооо ,какви хидроцентрали ,какви бакрачи.Нашиот пастир,стручњак по економија и привлекување на странски инвестици ,утврдил дека тениските игралишта се по доходовни.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 18.08.2010 10:49:46
Со парите за спомениците, моќеше да се изградат 200 мали хидроцентрали и мали акумулации.

Најди! во Утрински
Ек��номија
Стопанска целосно во рацете на Грците
ВМРО-ДПМНЕ го третира долгот како партиска тајна, обвини СДСМ
„Оне“ почнува со награден квиз
Поднесени 5.300 барања за субвенции
Mлекопроизводителите меѓу првите со субвенции
Пораст на инфлацијата за 5,5 отсто
„Топлификација“ во загуба
Просечна плата речиси 1.000 евра