Mлекопроизводителите меѓу првите со субвенции
Сточарите кои побараа субвенции за млекото во првиот рок, од 15 февруари до 15 март годинава, веќе ги добиваат парите. Од вкупно планираните 74 милиони денари се исплатени околу 50 милиони денари. Останатите ќе бидат реализирани во најкус можен рок.
Станува збор за количества млеко предадени во регистрираните преработувачки капацитети во последниот квартал минатата година.
Според Мини��терството за земјоделство, шумарство и водостопанство, моментно е во тек обработката на апликациите од вториот рок за пријавување по што ќе следува контрола на терен, па исплата.
Третиот рок за доставување барања за субвенции за млекото предадено од 1 мај до 30 септември годинава е од 5 октомври до 5 ноември. (МИА) |