Чавез славеше 200 години од независноста на Венецуела
КАРАКАС - Претседателот Хуго Чавез во неделата ја отвори националната забава по повод 200-годишнината од независноста на Венецуела, меѓутоа, критичарите го искористија датумот за да го обвинат дека ја претвора државата во диктатура од кубански стил. Социјалистичкиот лидер кој себе си се гледа како наследник на јужноамериканскиот херој во борбата за независност од 19 век, Симон Боливар, во текот на денот срдечно ги пречекуваше левоориентираните шефови на држави, како претседателите на Куба и Боливија, Раул Кастро и Ево Моралес.
Вчера, точно 200 години откако од првата декларација за независност на Венецуела од Шпанија, лидерите на АЛБА, Алијанса на латиноамерикански земји предводена од Чавез, требаше да одржат самит во Каракас и покрај прославите низ државата. „Среќно одбележување на 200-годишнината од борбата“, напиша Чавез во пораката до нацијата. „Татковина, социјализам или смрт. Ние ќе победиме!“. (Ројтерс) |