Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Руските министри посиромашни од сопругите

Сопругите на Медведев и на Путин не заработуваат ништо

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Двајцата највисоки руски политичари, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, се сиромашни во споредба со најблиските соработници. Таков заклучок се стекнува по објавувањето на пријавите за заработувачка во 2009 година. Поради тоа што не добиле „стимулации“ за 2009 година, Медведев и Путин минатата година заработиле помалку во споредба со претходната. Медведев минатата година добил плата од 85,5 илјади евра, а според курсот, за едно евро се добиваат 39 рубли. Заедно со сопругата, претседателот е сопственик на стан од 367,8 квадратни метри, а во руските банки има кредитни сметки на кои има вкупно 72.276 евра. Премиерот Владимир Путин минатата година заработил 118.512 евра и уште 2.564 евра како воена пензија, или над сто илјади евра. Минатата година првпат и' беше соопштено на јавноста колку заработуваат луѓето на врвот на политичката пирамида во Русија. На официјалните сајтови на претседателот и на премиерот беа објавени официјални податоци за заработувачката, па секој може да ги проучи и да анализира доколку сака. Токму претседателот Медведев во 2008 година го потпиша законот според кој, сите членови на владата мора да соопштат во јавноста колку заработиле во текот на годината. За да биде пример за другите и претседателот на државата почна да ги објавува своите приходи. Сето тоа треба да се гледа во контекст на антикорупциските мерки што се спроведуваат сега во Русија.

По примерот на својот учител Владимир Путин, и Дмитриј Медведев оваа година купи стар автомобил „газ-20 победа“, кој е произведен во 1948 година. Првиот државник кого го возеше Медведев во „победа“ беше новоизбраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Светлана Медведева, сопругата на претседателот, минатата година немала приход. Семејството Медведев има „фолксфаген голф“ стар 11 години.

Од декларацијата се гледа дека Владимир Путин има сопствен плац во Подмосковјето за изградба на куќа од 1.500 квадратни метри и гаража од 18 метри. Од возила, Путин има две стари „волги“ и приколка „скиф“, а минатата година купи руски џип „нива“. Сопругата на премиерот, Људмила, во 2009 година заработила ни цели 15 евра. Една година претходно во декларацијата на Људмила Путин беше напишано дека не заработила ниту рубља.

Речиси на сите сопруги на соработниците на Медведев и на Путин минатата година рапидно им пораснале платите без оглед на економската криза во земјата. Се наметнува прашањето колку, всушност, сопрузите „префрлиле“ свое влијание на заработувачката на своите сопруги и на тој начин ги исполниле формалностите за штедење.

И во претседателската администрација во Кремљ сопругите на соработниците на претседателот Медведев одлично заработуваат. На пример, Татјана, сопруга на Сергеј Наришкин, шеф на претседателската администрација, минатата година заработила над 100.000 евра рубли. ��то за сето тоа мислат оние што имаат пензија од три, четири илјади рубли или невработените, кои со месеци не добиваат плати?

Додека сопрузите се возат во државни автомобили, нивните сопруги можат да избираат во кој луксузен автомобил ќе седнат. Семејството на потпретседателот на владата, Шубалов, и оваа година ја задржа лидерската позиција, според бројот на скапите автомобили. Тие имаат дури три „мерцедеси“. Зад нив не заостанува ниту советникот на претседателот Медведев и поранешен амбасадор во Украина, Виктор Черномирдин. Неговото семејство има „бентли континентал“, потоа „мерцедес 500“, „БМВ 745“ и „лексус-430“. И раководителот на претседателскиот протокол, Марина Јентаљцева, вози „бентли континентал“. Сопругите на министерот за правосудство, потоа министерот за енергетика и началникот на Управата за внатрешна политика, возат скапи „порше-каен“.

Покрај Александар Авдеев, министер за култура и поранешен амбасадор во Париз, кој има стан од 38 квадрати во Франција ниту еден од соработниците на Медведев и Путин немаат недвижен имот на свое име во странство. Затоа имаат нивните сопруги. Потпретседателот на владата, Александар Хлопоњин, заедно со сопругата имаат куќа во Италија од 818 квадратни метри, како и земјиште наменето за рекреација од 8,2 илјади квадратни метри. Игор Шувалов и сопругата имаат стан во Велика Британија од 424 квадратни метри како и голема куќа во Австрија, изнајмена на десет години.


#
Статијата е прочитана 685 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Кипарските Турци избраа тврдокорен лидер
Огромни загуби од затворањето на небото
Британците ќе ги враќаат дома со воени бродови
Производството за развиените земји ја троши водата низ светот
Чавез славеше 200 години од независноста на Венецуела