Избрани дела од поетот Раде Силјан
„Матица македонска“ денеска напладне во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе ги промовира Избраните дела во шест тома од македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Во четири тома е застапен избор од неговите десет поетски книги објавени во изминатите 35 години. Петтата и шестата книга се посветени на критичко-есеистичката дејност на авторот. Книгите содржат и извадоци од критиката за делото на Раде Силјан.
Избраните дела ќе ги претстави Светлана Христова-Јоциќ, а стихови од поезијата на авторот ќе читаат актерите Арна Шијак и Роберт Вељановски. (Н.П.) |