МАНУ одбележа 100 години од раѓањето на академик Љубен Лапе
Во Македонската академија на науките и уметностите вчера ќе се одржа свечен собир по повод одбележувањето на јубилејот - 100-годишнината од раѓањето на академик Љубен Лапе.
Собирот го отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, а пригодно излагање имаше професор Ванчо Георгиев.
Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Љубен Лапе беше промовиран и неговиот Зборник на документи под наслов „Македонската интелигенција во Швајцарија во времето на Париската мировна конференција“, кој го промовираше академик Иван Катарџиев. (Н.П.) |