Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Седмиот печат

Феноменот „Фацизам“

Сунчица Уневска

Тонио Сан и Кинг Физе, авторите на стрипот, цели три часа им се потпишуваа на многуте фанови

Промоцијата на новиот стрип „Фацизам“ на Антонио Арангеловиќ (Тонио Сан) и Филип Алексовски (Кинг Физе) направи бум во градот. Во Музејот на град Скопје во текот на речиси три часа, колку што траеше промоцијата, без ни малку да падне атмосферата или да се намали турканицата, поминаа околу петстотини луѓе. Но, она што е навистина фасцинантно е податокот дека се продадоа 250 книги и дека Тони и Филип неуморно ги потпишуваа сите и им ги посветуваа на своите фанови.

Издавањето на „Фацизам“, стрипот што го интересираат фаците и што им е посветен на антихероите, беше дефинитивно многу храбар потег. Бидејќи, денеска кај нас, кога нема многу стрип-изданија, ниту, пак, може да се зборува за некоја стрип-индустрија, беше многу смело да се издаде стрип целосно самостојно, без никаква поддршка. За тоа е потребен голем ентузијазам, голема љубов, влог и посветеност, со други зборови, потребна е лудост за да се ризикува, но на Тони и Филип тоа очигледно им се исплатеше.

Не само затоа, што веќе на промоцијата продадоа пола од отпечатениот тираж, туку затоа што покажаа дека во Скопје има поинаква публика и дека фановите на Тони и на култната рап-група „Легијата“, во која членува, им се верни и подготвени да ги следат и во нивните нови авантури.

Но, тука се споија неколку работи. Првенствено, фановите на „Легијата“, кои и не се само рапери, туку онаа т.н. андерграунд публика од различни возрасти, која бара нешто повеќе, бара предизвик, бара нова креативност и верува во нивната моќ да понудат нешто поинакво. Од друга страна, тука беа и сите фанови на стриповите и анимациите, оние кои во потрага по познатата деветта уметност, која секогаш била провокативна и влијателна за сите генерации, веќе го креираа он лајн стрип-форумот и новиот македонски стрип магазин „Синдром“. И на крајот, всушност, она што е најважно, Тони и Филип ги оправдаа очекувањата.

„Добредојдовте во темната страна на Кинг Физе и Тонио Сан“, велат во почетокот авторите, кои нудат две мрачни, но многу професионално изработени стрип-приказни. „Каде што завршува тротоарот“ и „Каде што завршува совеста“ се две стории, кои се испреплетуваат, но и целосно се самостојни и со различен стил, првата инспирирана од рапот и гангстерскиот филм ноар, а втората од стилот на јапонските јакузи. Со ова, сега засега, мало издание, отпечатено во само 500 примероци, Тони и Филип покажаа дека имаат потенцијал и, што е најважно, дека имаат намера да продолжат уште поинтензивно, односно дека ова е само почеток.

Но, кај нас издавачите немаат голем интерес за стрип-културата или, како што велат, таа не се вклопува во нивната пазарна логика. Меѓутоа, промоцијата на „Фацизам“ зборува, сепак, дека се излажале. Навистина не можам да се сетам, на која промоција, освен ако не зборуваме за отпечатените турски серии, се продале 250 книги. Но, на стрипот во Македонија, за разлика од сите други земји, па и од оние во соседството, се гледа со потсмев. Што и не е чудно, бидејќи стрип-културата, односно деветтата уметност не е тренд, таа е традиција. Стрипот во себе спојува многу уметности и бара вистинска поткованост за воопшто да може да се разбере или препознае. А впрочем, зошто сето тоа, кога трендовскиот шунд ги задоволува сите комерцијални параметри.

Но, како што било секогаш, трендовите поминуваат, вредностите остануваат. Дали издавачите ќе ја препознаат новата ситуација ќе видиме, но факт е дека нешто се менува. Тоа го покажа публиката на оваа промоција, тоа го покажуваат фановите на овие рапери, кои траат веќе цели десет години. Нешто се промени. Дојде нова публика, се профилира нова генерација, која бара повеќе. Ако е така, тогаш, сакале или не, ќе мора да ја препознаат, бидејќи очигледно таа станува факт.


#
Статијата е прочитана 682 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Кралскиот говор“ понесе седум номинации за „Златен глобус“
Македонската филхармонија со концерт посветен на Шопен
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Избрани дела од поетот Раде Силјан
Конференција за создавање нов танцов театар
Промоција на „Форум романум стобис II“
МАНУ одбележа 100 години од раѓањето на академик Љубен Лапе
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu