Несреќите носат нови жртви
ИндонезиЈа - Спасувачките екипи што ги пребаруваат островите опустошени од цунами во западна Индонезија, стравуваат дека билансот на жртвите од над 300, веројатно, ќе се зголеми, бидејќи можеби се загинати стотици луѓе, кои се водат за исчезнати, јавија вчера официјални извори.
Официјален претставник на спасувачките екипи на островот, кој го преживеа бранот, опиша дека селата биле срамнети до темел додека на други места во Индонезија селаните ги закопуваат настраданите во масовни гробници, меѓу кои и 33 лица загинати кога еруптираше еден од најсилните вулкани во земјата.
Претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно вчера требаше да се сретне со преживеаните од двете катастрофи што се случија за 24 часа во различни делови од сеизмичкиот регион. Тоа претставува голем тест за мрежата за реагирање во вонредни состојби во оваа земја подложна на несреќи. (АП)
|