Јавно проговори шефот на МИ-6
Раководителот на британската разузнавачка агенција МИ-6 Џон Сорс изјави вчера дека тортурата е незаконска, зашто е во спротивност со меѓународното право и нејзината примена е одвратна работа. Тој меѓутоа, ја бранеше потребата од одржување на тајноста во работата на разузнавачките и безбедносните агенции. На предавањето што го оддржа во Лондон, шефот на британската тајна служба инсистираше дека оперативците на оваа агенција немаат ништо заедничко со тортурата и дека таа не се применува во МИ6 дури и во ситуации кога осомничениот е реална закана за безбедноста.
Овој поранешен британски дипломат, не се согласува со забелешките за преголемата тајност со која е ��пкружена работата на МИ-6 и на другите разузнавачки служби.
„Тајноста не е валкан збор, затоа што тој игра витална улога во одржувањето на безбеднста и сигурноста на Велика Британија“, рече Сорс. |