Обама во шоу побара доверба
ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Барак Обама го искористи настапот во ударен термин,на сатиричната шоу-програма на Џон Стјуарт за да побара повеќе време за спроведување на неговите реформи. Обама е првиот актуелен претседател што се појави во шоу-програмата „Комеди сентрал“. Тоа се случи шест дена пред изборите сред мандат, на кои демократите би можеле да ја загубат контролата врз Конгресот, а претседателот води голема кампања.
„Дали е доволно? Не. Така и очекувам, и мислам дека повеќето демократи очекуваат и дека луѓето сакаат да видат повеќе напредок“.
Стјуарт го натера претс��дателот да одговори зошто две години откако тој победи со ветување за надеж и промени, неговите колеги - демократи „како да молат за уште една шанса“. Меѓутоа, претседателот рече дека промените „нема да се случат преку ноќ“.
„За време на кампањата ветивме ’промени во кои можете да верувате’ , а за 18 месеци не се промени тоа во што можете да верувате. Тоа беа промени во кои можете да верувате, но, знаете, ќе треба да работиме за тоа“, рече тој. Обама призна дека се чувствува фрустрираност за прашања, како што се постојаната висока невработеност и опаднатиот пазар за сместување, но рече дека Американците како да не се свесни за некои достигнувања на администрацијата. (Би-Би-Си) |