Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Свет

Протестите во Франција „издишуваат“

ПАРИЗ - Нови штрајкови вчера го прекинаа железничкиот и воздушниот сообраќај во Франција, но поголемите протести поради плановите да се зголеми возраста за пензионирање се опаднати на последни сили, еден ден откако парламентот усвои закон за пензиски реформи.

Летовите на француските аеродроми и надвор од нив беа намалени за 30-50 отсто поради еднодневниот прекин на работата на контролорите за воздушен сообраќај, а штрајковите на железничките работници преполовија некои услуги, но прекинот беше помал отколку претходно за брзите врски.

Претседателот Никола Саркози одби да се повлече кога синдикатите организираа бран по бран штрајкови и улични протести низ целата земја во последните два месеца, поради најголемите реформи во неговото претседателствување.

Вчера беше седмиот ден на протестите, организирани од синдикатите во врска со плановите луѓето да работат две години повеќе до пензионирање, речиси сите од почетокот на септември. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 359 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Театарски Оназис наредил убиство на Боб Кенеди
Ги загрижува чинијата, а не слободата
Обама во шоу побара доверба
Разделба
Романија бара НАТО-штит
Јавно проговори шефот на МИ-6
Несреќите носат нови жртви






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries