Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Свет

Ги загрижува чинијата, а не слободата

„Никогаш во Русија немало такви социјални разлики како денес“, тврди Александар Суринов, раководител на „Росстат“

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Кон крајот на минатото лето, кога беа изгаснати големите пожари низ Русија, секаде каде што се појавуваа претседателот на владата, Владимир Путин, и претседателот на државата, Дмитриј Медведев, граѓаните им поставуваа исто прашање: дали сега ќе се зголемат цените на брашното, потоа на лебот и макароните, компирот... Главниот политички тандем на Русија постојано повторуваше дека нема да дозволи да се зголемат цените на основните продукти, заканувајќи им се на шпекулантите дека ќе ги казнува. Стравот од поскапување, сепак, остана, а тоа го покажува и најновото истражување на руските социолози.

Дури 72 отсто од анкетираните Руси сметаат дека денес најголем проблем е растот на цените. На второ место е сиромаштијата, сметаат 51 отсто од испитаниците. Тие проблеми ја мачат Русија уште од распаѓањето на СССР. Повеќето луѓе не се снајдоа во периодот на приватизацијата, општеството се раслои на мал број екстремно богати и голем слој на сиромашни што едвај составуваат крај со крај. Дека процесот на раслојување може да продолжи, стравуваат 29 отсто од жителите на Русија. Што се' ги мачи обичните граѓани одлично покажува неодамна објавеното годишно истражување под наслов „Што најмногу ги плаши Русите“, што го направи московскиот аналитички центар „Јуриј Левада“. Анкетираните требаа да заокружат пет-шест одговори, а потоа беше направена пирамида на стравови.

Поради тоа што преку ТВ-екраните постојано се повторува како Русија полека ќе излезе од економска криза, луѓето сега помалку се плашат дека ќе ја изгубат работата. Од пораст на бројот на невработени стравуваат 38 отсто граѓани. Како споредба, во Шпанија 74 отсто од анкетираните се плашат да не ја изгубат работата, во Германија 66 отсто, додека во Франција 56 отсто. На четврто место на стравови во Русија е „криза во економијата и лоша состојба во индустријата и земјоделството“. Така сметаат 36 отсто испитаници.

„Никогаш во Русија немало такви социјални разлики како денес“, тврди Александар Суринов, раководител на „Росстат“. Главната статистичка служба на Русија направи свое големо истражување под наслов „Русите во огледалото на куповната моќ“, што покажува дека бројот на сиромашните не е намален иако граѓаните подобро се хранат, купуваат повеќе мобилни телефони и слично. Анкетирани беа повеќе од 50.000 луѓе, меѓу кои немаше олигарси ниту „бонжови“, како што во Русија ги нарекуваат бездомниците. Просечно семејство во Русија сега за храна троши 25 отсто од заработувачката.

„Во последните 20 години граѓаните на Русија станаа нешто побогати, но не треба да залажуваат просеците, бидејќи тука дојде до големо раслојување на населението. Ако се анализира заработувачката на десет отсто богати и десет отсто сиромашни, тогаш разликата може да се развлече и до 800 пати. Во Русија се појави огромна маса сиромашни, од друга страна, од десет до 12 отсто богати луѓе што живеат ’одвоено‘ од обичните маси луѓе“, вели Алексеј Шевјаков, директор на Центарот за социјално економски истражувања на Руската академија на науки. Шевјаков додава дека е видливо како брзо продолжува процесот на длабоко социјално-економско раслојување. Доказ за големото раслојување е тоа што едни мака мачат како да се прехранат, а од друга страна значително е зголемена продажбата на автомобили во однос на 90-тите години од минатиот век.

Од 1999 година до ноември 2008 година просечната плата во Русија се зголеми дури за 13 пати. Пред две години изнесуваше 16.100 рубли. Најновата економска криза изеде една илјадарка, па во февруари 2009 година беше 15 илјади рубли. Дури оваа година повторно почнаа да растат приходите на граѓаните.

Кризата најмногу ја почувствуваа посиромашните, па мораа да престанат да купуваат облека, а во продавниците бараа поевтина храна. Истовремено расте продажбата на алкохолот и на тутун. Во однос на 90-тите години е зголемено купувањето „вотка“, дури пет пати, а што се однесува до цигарите потрошувачката на тутун во Русија е на прво место во светот.

Економистите прогнозираат дека, за жал, социјалните разлики ќе растат и во блиска иднина. Петар Кљуев вели дека не е реално очекувањето во Русија да се воведе прогресивна скала на данок. Тој додава дека ако сега се воведе таква скала, главно, би по џеб ги удрила средната класа и малите бизниси. Без оглед што на ТВ се' повеќе се зборува за корупција, интересно е дека на ранг- листата на стравови во Русија тоа големо зло се наоѓа дури на петто место. Треба да се знае дека корупцијата објективно е една од најтешките болести на руското општество и главна сопирачка поради која побрзо не се реализираат бројни државни програми, бидејќи службениците повеќе мислат на својот џеб отколку за граѓаните. Од корупција стравуваат 33 отсто граѓани, а само два отсто помалку се плашат од наркоманија.


#
Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар

Од: jugo-sever
Датум: 29.10.2010 16:22:51
Samo lugjeto od Zapad mislat deka po doagjanje na t.n. "demokratija" (po mene fasizam) vo Istocniot blok i bi rekol i kaj nas (ne bevme vo nieden blok neli), poubavo se zivee. Vo stvarnost slikata e sosema poinaku. Podobro ziveat samo kriminalcite koi ukradoa mnogu pari, ta sega se ugledni politicari, golemi biznismeni, i normalno gi imaat pod svoe site mediumi pa plasiraat lagi na koi moze bogami i Staljin, i Causesku, i Zivkov ... itn da im pozavidat. A seto ova proagja vo Zapadnite mediumi zoosto sirotite ni sami ne znaat kolku ne znaat i kolku im se "isprani" mozocite.

Најди! во Утрински
Свет
Театарски Оназис наредил убиство на Боб Кенеди
Обама во шоу побара доверба
Разделба
Протестите во Франција „издишуваат“
Романија бара НАТО-штит
Јавно проговори шефот на МИ-6
Несреќите носат нови жртви






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries