СТИЛ
ВИП
Врти - сучи, Скопје си е дома
На Ана Зафировска, кога и' здодеа „вртењето и сукањето“ низ Скопје, реши да замине во САД на професионално доусовршување. Но, ни таму не ја држеше место, па преку колумни ги раскажуваше своите американски доживувања во татковината. Ни тоа не беше доволна компензација и еве ја Ана повторно во Скопје во мисија на завршување на сите пропуштени муабети со скопските пријатели. Во случајот, тоа е Дарко Димитров.
Заслужени честитки
Најубаво е кога човек прима заслужени честитки, но и на оној што честита му е најпријатно кога може да ја подаде раката без резерва. Така беше во неделата во салата „Борис Трајковски“ по победата на македонската ракометна репрезентација над соодветната репрезентација на Исланд. И искрена беше честитката од бизнисменот Минчо Јорданов до капитенот Кире Лазаров. Нека има уште повеќе поводи за искрени честитки!
Не е вотката ракија
Навистина, вотката не е ракија, но сосема добро му прилега на скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Всушност, кога си во Рим, однесувај се како римјанин, а кога си со Руси, однесувај се како Русин, па макар тие да се и во Скопје. Секако, тоа спаѓа и во манирите на добро домаќинство, на прославата на денот на Русија од рускиот дипломатски кор во Македонија.
Синтеза со Дарио
Не станува збор за нова хемиска формула, ниту за нов хемиски елемент за синтеза. Туку само „синтеза“ - фотографија на Дарио со најубавиот и најраспеан дел на групата „Синтезис“. Нешто како спомен од промоцијата на новиот албум на „Синтезис“, насловен како „ Идентитет“, претставен во средата, 11 јуни, во „Александар палас“! |