Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

И жените ја сакаат најдобрата споредна работа на светот

Ивона Саздовска

Во светот важи правилото дека фудбалот е машки спорт каде што за жените нема место. Деновиве дојде време повторно да се докажува таа „теорија“ во контекст на актуелното Европското фудбалско првенство, во меѓувреме, додека се „бара“ новиот носител на титулата - фудбалски број еден во Европа.

Стадионите ја бележат рекордната посетеност и на трибините, покрај редовната машка, не заостанува ни женската публика.

Млади, атрактивни, згодни и длабоко навлезени во историјата на фудбалот, жените рамо до рамо со машката популација уживаат и навиваат.

Како доказ за тоа се и разните блогови и форуми кои зборуваат за тоа дека откако жените се на стадионите заедно со своите посилни половини, бројот на разводи и раскинувања рапидно се намалил.

Замислете, за да ја постигнете хармонијата во домот, потребно е и двајцата да го сакате фудбалот.

Тоа дека навистина има загреани фанови го докажува и фактот што пред почетокот на Европското првенство група женски фанови од Шпанија организирано се договориле да заминат и да го бодрат својот тим. Тоа подразбирало дека секоја од нив треба да носи дрес од својот омилен играч, да ја знае навивачката химна и на крајот да соблече дел од својата долна облека која ќе ја упати кон теренот.

Мора да признаете - крајно инвентивно и типично женски.

По традиција, на натпреварите ќе ги сретнете поубавите половини на фудбалерите, кои по непишано правило доаѓаат од светот на модата и единствената цел им е да го поддржат својот сакан, но патем и да направат сопствена промотивна кампања.

Од друга страна, вистинските огнени навивачки нема да ги видите дотерани и облечени, туку во боите на својот тим, откачено и оригинално.

Во таква ситуација не знаете кој повеќе навива и ужива во спортот. Некои се таму од срце, а некои за да ги гледаат згодните фудбалери.

Не ретко на фудбалските натпревари се сретнуваат жени, кои буквално фрлаат низа погрдни зборови кон судиите и спротивниот тим.

Со тоа уште еднаш се докажува дека „рамноправноста“ жените ја пронаоѓаат и во фудбалот и дека најдобрата споредна работа на светот полека ја зафаќа и женска манија.

Жените секогаш знаат да го свртат вниманието кон себе. Едноставно, тоа им поаѓа од рака.


Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Голем е атерот на татко ми Пеце
„СИНТЕЗИС“ - Со „Идентитет“ во зачувување на македонската традиција
Македонски ноти во Менхетен
Теренецот „пежо 4007“ во Македонија, Каролина доби „308“
ВИП
Гренланд сака да „јава“ самостојно
Нирнберг - Град колку Скопје со триесет пати поголем буџет