Американците цел на грчки екстремисти
Атина - Американскиот Стејт департмент ги предупреди своите граѓани во Грција дека се потенцијална цел на грчки екстремисти.Американските граѓани кои живеат во Атина, или туристи кои престојуваат таму, се предупредуваат да бидат внимателни и да го избегнуваат квартот Егсархија, како и реонот на централниот плоштад Омонија. Предупредувањето е второ од ваков тип за период од два ипол месеци и се однесува најмногу на грчките терористички организации „Револуционерна борба“ и „Секта на револуционерите“. (Макфакс) |