Убивал зашто не можел да стане полицаец
Мајкл Меклендон бил маринец кусо време, но бил разрешен поради фалсификување информации
ЖЕНЕВА - Човекот обвинет за најголемиот масакр во историјата на Алабама бил депримиран и фрустриран поради немоќта да стане маринец или полицаец, јавија официјални лица. Мајкл Меклендон (28) во вторникот уби пет членови на семејството и пет други лица, а потоа се самоуби.
Меклендон се доверил на близок пријател неколку денови пред убиствата, дека е депримиран и неисполнет, јави Бери Такер, претставник на Истражното биро на Алабама. „Тој зборуваше за депресија, неисполнетост на неговите работни места, немоќта да стане полицаец и да стане маринец“, рече Такер. Меклендон бил маринец кусо време, но бил разрешен поради фалсификување информации. Официјални лица јавија дека бил ослободен од полициската академија бидејќи не можел да исполни некои физички услови.
Истражните органи, исто така, јавија дека Меклендон признал во писмо, на две страници, дека ја убил неговата мајка и планирал да изврши самоубиство. Тој го споманал семејниот спор околу едно правно прашање, но не открил дека планира да убие други луѓе. Иследниците јавија дека го пронашле писмото во поштенско сандаче. Тие не објавија на кого било адресирано писмото.
По убиството на неговата мајка во куќата во која живееле во Кинсон, Меклендон започнал вооружени напади кои завршиле со негово самоубиство, по престрелката со полицијата во Женева, во фабриката за метали каде што работел до 2003 година. (Асошиетед прес)
|