Доби ново писмо со смртни закани
Париз- Францускиот претседател Никола Саркози повторно доби анонимно писмо со смртни закани, соопшти вчера француската полиција.
На адреса на Елисејската палата, каде е сместена претседателската резиденција, завчера пристигнало писмо со смртни закани, но овој пат во него немало куршум.
- Вие ширите страв, а сега е време Вие да почувствувате страв, пишува во анонимното писмо, кое било испратено на 7 март од југот на Франција.
Писмо со смртни закани и со куршум во него доби и новинарот од првата програма на француската телевизија ТФ1 Жан Пјер Перн. Во писмото кое го примил телевизискиот новинар се наоѓал и куршум.
Саркози веќе беше предмет на слични закани, кога пред две недели, слично писмо со куршум во него пристигна на негова адреса и на адреса на повеќе министри и истакнати политичари на десницата. (МИА)
|