Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет
Обама ги продолжи санкциите кон Иран

Санкциите со кои на американските компании им се забранува да инвестираат или да тргуваат со Иран се обновуваат годишно од 1995 година

ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи санкциите за Иран за една година, истакнувајќи дека Иран и натаму претставува закана за американската национална безбедност.

Во пораката до американскиот Конгрес, Обама рече дека Иран дејствувал спротивно на американските интереси во регионот. Санкциите, со кои на американските компании им се забранува да инвестираат или да тргуваат со Иран се обновуваат годишно од 1995 година.

САД стравуваат дека нуклеарната програма на Иран е покритие за производство на атомско оружје, но ирански официјални претставници го негираат тоа обвинение. Збогатениот ураниум може да се користи во нуклеарни централи, но, исто така, за производство на атомско оружје.

Иако администрацијата на Обама повторно ја разгледува политиката спрема Иран, непродолжување на санкциите би претставувало голема промена во однос на минатото, јави дописникот на Би-Би-Си во Стејт департментот во Вашингтон.

Иран се соочува со други меѓународни казнени мерки, меѓу кои три серии на санкции на ОН поради одбивањето да ги замрзне активностите за збогатување на ураниум. Американските санкции против Иран ќе истечеа без официјалното обновување на Обама. "Дејствувањата и политиката на владата на Иран се спротивни на интересите на САД во регионот, и претставуваат континуирана, невообичаена и вонредна закана", се вели во пораката на Обама до Конгресот.

Обама зборуваше за ангажирањето со Иран, но не објасни како би можело да се оствари тоа. Кусо време откако ја презеде функцијата во јануари, Обама рече дека "ако земјите како Иран се подготвени да ги разлабават нивните тупа��ици, ќе наидат на пружена рака од нас". (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 123 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Нема да има одмазда за нападите на ИРА
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Партијата на Јанша бара отстранување на спомениците на Тито
Убивал зашто не можел да стане полицаец
Американците цел на грчки екстремисти
Евакуирана вселенската станица МИР
Авионите „боинг 777“ се опасни
Ослободен Албанец осуден на 40 години
Доби ново писмо со смртни закани
Турција не е исламска држава