За новите корисници на ВИП, нови апарати за 0 денари
ВИП ги намали цените на уште три телефонски апарати, со што новите постпејд-корисници, освен што ќе можат да зборуваат за 0 денари минута кон целата мрежа на ВИП засекогаш без надомест за воспоставување повик, ќе можат и да ги добијат современите телефонски апарати за 0 денари. Телефонските апарати „самсунг Ј700“, „самсунг М200“, „сони ериксон В302“ новите постпејд -корисници на тарифните модели на ВИП - „смарт 500“, „смарт 1.000“ и „смарт 1.500“ можат да ги купат за 0 денари со склучен договор на 24 месеци. За тарифниот модел „смарт 200“ истите телефонски апарати чинат само 499 денари.
Истовремено, на сите нови припејд-корисници ВИП им нуди можност да го купат популарниот ЛГ КП100 телефонски апарат по цена од само 999 денари. Со тоа новите припејд-корисници, освен вклучените разговори од 200 денари, добиваат и неверојатна цена од 2 денара за минута кон сите национални мрежи со цена за воспоставување повик од 3 денари. Понудата трае до истекот на количините. (А.С.) |