Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ЕВН апелира градежниците да користат подземен катастар

Дел од Скопје вчера немаше струја повеќе од еден час, но потоа екипите на „ЕВН - Македонија“ го отстранија дефектот поради кој дојде до прекин во снабдувањето.

Портпаролката на „ЕВН - Македонија“, Ленче Карпузовска, соопшти дека не станува збор за експлозија на трафостаница во Капиштец, туку причината за прекинот во снабдувањето е скинат кабел од страна на градежната оператива.

„Апелираме до сите градежници пред да започнат да ги изведуваат градежните работи, да побараат од нас подземен катастар, преку кој може да се лоцираат сите подземни кабли за да не се случуваат вакви инциденти“, изјави Карпузовска. Таа нагласи дека во одредени случи, при прекин на подземен кабел, отстранувањето на дефектот може да трае со часови.

Инаку, прекин во снабдувањето со електрична енергија вчера имаше во делови од населбите Капиштец, Водно и Козле. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Десната рака на Ставрески - државен секретар во Финансии
Државата да се изјасни дали има пари за енергетиката
Конечно, благ оптимизам во индустријата
ММФ си замина од Албанија
Иво Санадер без апанажа?
За новите корисници на ВИП, нови апарати за 0 денари
Просечна плата во јуни во Србија 341 евро
ЕУ да помогне за нови работни места