Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Конечно, благ оптимизам во индустријата

Во преработувачката индустрија во земјава, конечно, се појави благ оптимизам. Според раководителите на македонските претпријатија, кои биле анкетирани од Државниот завод за статистика, тековната состојба на компаниите во јуни годинава се оценува како поповолна во однос на претходните два месеца. Истото важи и за тековната обезбеденост на производството со порачки.

Обемот на производството на претпријатијата во изминатите три-четири месеци опаѓаше, со благ тренд на подобрување во претходниот и во тековниот месец.

Оцената за очекуваниот обем на производството за наредниот период бележи многу поповолна состојба, како и оцената за очекуваниот број вработени. Залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под нормалата, а залихите на готови производи во јуни 2009 година се намалени во споредба со претходниот месец.

Во наредниот период се предвидува дека просечните набавни цени на инпутите минимално ќе се намалат, а кај просечните продажни цени на готовите производи ќе има мало зголемување.

Просечното искористување на капацитетите на претпријатијата во јуни 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемено и изнесува 55,4 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јуни 2009 година имаат недоволната странска побарувачка со 23,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 17,1 процент, финансиските проблеми со 13,1 отсто и неизвесното економско опкружување со 11,6 проценти. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 430 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Десната рака на Ставрески - државен секретар во Финансии
Државата да се изјасни дали има пари за енергетиката
ММФ си замина од Албанија
ЕВН апелира градежниците да користат подземен катастар
Иво Санадер без апанажа?
За новите корисници на ВИП, нови апарати за 0 денари
Просечна плата во јуни во Србија 341 евро
ЕУ да помогне за нови работни места