Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Десната рака на Ставрески - државен секретар во Финансии


Стојмановска стана позната откако медиумите открија дека членува во повеќе управни одбори, што беше посочено како конфликт на интереси

Наташа Стојмановска беше советник и еден од главните луѓе во Кабинетот на вицепремиерот

Александрија Стевковска

Владата за нов државен секретар во Министерството за финансии ја назначи Наташа Стојмановска, досегашен близок соработник на сегашниот министерот за финансии, Зоран Ставрески. Имено, Стојмановска беше советник во Кабинетот на Ставрески додека тој ја извршуваше функцијата вицепремиер за економски прашања.

Со оваа одлука, која веќе е објавена и во „Службен весник“, станува очигледно дека министерот за финансии може да ги менува функциите, но не и тимот со кој работи со години.

Местото државен секретар во Финансии е една од позначајните функции и во ресорот за финансии и, воопшто, во државата и тоа носи голема тежина и одговорност, која сега е во рацете на 33-годишната Стојмановска.

Пред да биде назначена на оваа висока државна функција, Стојмановска беше раководителка на Секторот за економски политики и регулаторни реформи и еден од главните луѓе во Кабинетот на Ставрески. Стојмановска има завршено Економски факултет во Скопје и пред да дојде во Кабинетот на Ставрески, има работено во Министерството за финансии.

Неодамна медиумите пишуваа за преголемата ангажираност и огромната кумулација на функции кај Стојмановска. Таа досега во неколку наврати беше посочена како класичен пример на личност за сублимација на функции, концентрација на моќ и конфликт на интереси. Имено, Стојмановска веќе беше посочувана дека членува во повеќе управни одбори, што значи дека има прилив на повеќе различни приходи, по што дури и се сметаше за рекордер. Врз основа на досегашниот преглед на владините одлуки, објавени во „Службен весник“, Наташа Стојмановска членуваше дури во пет управни одбори. Станува збор за Фондот за пензиско и инвалидиско осигурување, МАПАС, во Јавното претпријатие за аеродромски услуги, во „Лотарија на Македонија“ и во Институтот за стандардизација. Се' уште не е познато колку „тежат“ овие ангажмани на Ст��јмановска, но, според сознанијата, членувањето во секој од овие органи на управување не е помало од 100 евра месечно.

Со распослување на функциите и членувањата во одборите, Стојмановска доби пријава до Антикорупциската комисија на име непотизам. „Транспарентност нулта-корупција“ тогаш нагласи дека ваквата испреплетеност остава дилема за тоа кој го контролира работењето на јавните претпријатија, а кој управува со нив.

Пред назначувањето на Стојмановска, местото на државен секретар во Министерството за финансии беше испразнето речиси една година откако ексминистерот за финансии, Трајко Славески, ја разреши Снежана Милошевска-Костадинова од таа функција. Причината за нејзиното разрешување до денес остана необелоденета, но се шпекулираше дека е поради исплата на огромни хонорари за членување во комисии.

Во врска со смената на претходниот и именувањето на сегашниот државен секретар, од Финансии се со став дека „именувањата, како и разрешувањата на државните функционери се вршат врз основа на оцена како најдобро да се искористи расположливиот кадровски потенцијал и да се подобри ефикасноста на работењето на институциите и квалитетот на јавните услуги“.

Ексминистерот за финансии, Трајко Славески, пред неговото заминување изјави дека не можел комплетно да и' се посвети на функцијата министер за финансии, бидејќи требало да ја извршува и функцијата на државен секретар, одговорност која од него барала дополнителен напор. Токму трошењето на енергијата на организирање на службите во Министерството, работа која вообичено ја прави државниот секретар, според Славески, можеби била причина Груевски да се посомнева во лошата организација на Министерството. Токму оваа причина беше издвоена од Груевски, како клучна за разрешувањето на Славески.


#
Статијата е прочитана 2464 пати.

Испрати коментар

Од: Набљудувач
Датум: 25.07.2009 01:20:16
без разлика на сите глупости вмровците можат да бидат мирни. Во СДСМ спијат на уши и нема да мрднат ни чекор напред. Можеби Бранко на централно ниво направи промени ама на локално ниво е катастрофа. Така е во Битола а бетер е во Прилеп. Ај што новиот претседател на прилепските социјалдемократи не го бива туку наместија секретар кој е тежок налбат и нема 2 чисти. Во Извршниот одбор влегоа луѓе кои абер немаат шо значи лева а шо десна опција. Бранко, вака ли ќе го победуваш Груески? Во Скопје можи да ама во Прилеп СДСМ падна на бедно ниво. Срам ми е да кажам дека сум член на оваа партија. Тотална катастрофа!!!
Од: mitko gi ceka heroite
Датум: 25.07.2009 02:21:20
Na Makedonija i trebaat lideri a ne detista kako Stavre-kumot i ovaa sto si ja vlecka pod miska. Na Makedonija i trebaat heroi i inteligentni i posteni lica a ne VMROovci. Redno e vo ovaa zemja na istoriski falsifikatori da se rodi i pojavi nekoj asolen vodac a ne Stavre kumot cija cela licnost e deformirana od vlasta. Problemite so finasiite i krizata se pregolemi za lugeto koi sega ja vodat Republika Makedonija.
Од: kole
Датум: 25.07.2009 04:32:21
Добра е!!! Чим членувала во 5 управни одбори... значи добра е... Познаваме и ВМРО-вски директорчиња во провинција кои навистина добро ќе се нафатираат, а нивниот Грујо тврдеше дека се проверени и чесни кадри... Значи се се сведува на онаа народната; СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!
Од: Трпе.
Датум: 25.07.2009 10:40:21
Кум си е кум,десна рака секретарката,лева рака премиерот.Во бракот да не те служи лоша среќа,мора да се прави чест на кумот.Но кумот добро наградува голем дел и од партиската војска.Некои клатат врата и земат плата а некои не се јавуват ниту на работни места а земат парични награди.Во животот е најважно да биде одбран добар кум.

Најди! во Утрински
Економија
Државата да се изјасни дали има пари за енергетиката
Конечно, благ оптимизам во индустријата
ММФ си замина од Албанија
ЕВН апелира градежниците да користат подземен катастар
Иво Санадер без апанажа?
За новите корисници на ВИП, нови апарати за 0 денари
Просечна плата во јуни во Србија 341 евро
ЕУ да помогне за нови работни места