Иво Санадер без апанажа?
Загреб - Хрватските власти сериозно размислуваат за укинување на апанажата за поранешните функционери, кои ги има најмалку 320 на број.
За мерката се размислува поради сериозниот дефицит во хрватскиот буџет, кој според последните анализи на експертите не е доволен ниту за основните потреби на државата.
Согласно со хрватскиот закон, функционерите по напуштањето на функцијата имаат право на цела плата за период од шест месеци, а наредната половина година земаат половина плата.
Доколку се усвои укинувањето на апанажата, без надомест би можел да остане и поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, кој се одлучи, исто така, да го искористи правото на апанажа. (Макфакс) |