Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Спорт

Мурињо никогаш нема да ја води Барселона

На радоста на креаторот на овој тим и игра на Интер, Жозе Мурињо и немаше крај. Трчаше како мало дете многу емотивно преживувајќи го поразот како најголема победа во неговата кариера.

„Ова е феноменален успех. Против Барселона е тешко да се игра со 11 играчи, а камоли со 10. Секоја чест за моите фудбалери“, кажа Мурињо, тврдејќи дека никогаш во својот живот нема да ја води Барселона. „Не сум толку глупав за да помислам дека некогаш омразата што ја имаат навивачите на Барселона кон мене ќе се претвори во љубов. Го почитувам овој клуб и знам што ми даде во четирите години колку што минав во него, но околу мене се создаде нешто кое никогаш не може да се претвори во позитивна работа. Јасно е. Тренерската кариера ќе ја завршам, а никогаш нема да бидам тренер на Барселона“, откри Мурињо и погледот го заврте кон Мадрид. „Баерн е квалитетен тим со многу добри индивидуалци. Имаат традиција и одличен тренер во Луис ван Гал. Нивниот пример треба да го следат многу тимови. Бидејќи, кога на Ван Гал не му одеше тие не го избркаа и гледате до каде стигнаа. За тоа можат да му се заблагодарат нему. Тие имаа полесен пат до финалето. За да дојдеме до тука ние мораше да го елиминираме Челзи и четири пати да се сретнеме со Барса“.

Мота смета дека е неправедно исклуЧен



Играчот од средниот ред на Интер, Тијаго Мота, смета дека е престрого исклучен во 28 минута по фаулот на Бускетс. „Неправедно сум исклучен и се надевам дека видео снимката ќе ме ослободи и дека ќе заиграм во финалето. Можеби судијата не виде добро, но некој случајот треба пак да го погледне. На снимката видов како Бускетс гледа под око дали судијата е блиску. Мислам дека тоа не беше в ред, играчите треба да им помагаат на судиите, така на сите ќе им биде полесно“, смета Мота.



СнаЈдер: Мурињо врескаше во соблекувалната



Холанѓанецот во дресот на Интер, Весли Снајдер, по мечот кажа: „Мурињо врескаше во соблекувалната, беше многу емотивен. Речиси цел меч се браневме со 10 фудбалери за секој метар од теренот. Бевме дисциплинирани, а Мурињо секогаш знае да подготви тактика која ќе го уништи противникот. Ќе играм во финалето на ЛШ, а тоа значи дека мојот сон е остварен“, вели Снајдер.

Дефанзивецот на Интер, Мајкон, призна дека не одиграл потежок натпревар во својата кариера: „Мораше многу што да издржиме за да дојдеме до финалето. Откако беше исклучен Мота немавме шанси, но имавме огромна желба за финалето“.



Валдес го давеше Мурињо



По победата Мурињо се судри со голманот на Барселона Виктор Валдес, поточно тој го нападна и почна да го дави. Имено, Португалецот на себе својствен начин тргна да слави по тревата на “Ноу камп“, а на Валдес тоа не му се допадна, па се обиде да го насочи кон соблекувалната. Но, Мурињо не се даде, како што не се даде ниту со 10 играчи на терен, па дојде до туркање и немили сцени, кои ги прекинаа помошните судии и асистентот на Мурињо.



Лапорта жали зашто Интер играл

декадентен фудбал



Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, истакна дека Интер играл декадентен фудбал. „Жал ми е што Интер играше како што играше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тоа не е фудбал за гледачите. Ние завршивме со ЛШ и сега не чека Примера и мора да размислуваме исклучиво за титулата. Нашите фудбалери заслужуваат аплауз поради тоа што се бореа, иако малку комплицираа, меѓутоа, беше тешко да се пробијат одбранбените редови на Интер“, смета Лапорта.

Малку по наместо во изјавите беше тренерот Гвардиола: „Кога се браните као Интер тогаш морате да затворите многу простор во полето. Ние имавме иницијатива цел натпревар, но секоја наша акција неуспешно завршуваше. Беше тешко да се мине нивниот одбранбен блок. Милито и Ето не играа во нападот, тие беа крилни играчи. Меѓутоа Интер е во финалето и јас му честитам“.



Морати: Мурињо е феномен



Претседателот, пак, на Интер Масимо Морати беше пресреќен и најави и победа во финалето во Мадрид. „Екипа со 10 фудбалери ја исфрли Барселона на нејзин терен. Покажавме голем карактер и како тим и поединечно, а на нашата среќа и нема крај. Мурињо покажа дека е феномен, а нашите играчи покажаа што знаат, играа паметно и им честитам. Се надевам дека сите се среќни колку што сум и јас“, посочи Морати.


#
Статијата е прочитана 1963 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Без Милиќ во Волос
Металург за малку не успеа
Ј. Африка се надева дека Обама ќе го посети Мундијалот
Милвоки поведе во серијата со Атланта
Интер го урна митот за совршената Барса
Вардарци со победа го отворија финалето против Фени И.
Волкановска - спортска ѕвездичка што доаѓа