Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Спорт

Без Милиќ во Волос

Јунакот на победата над Грците викендов нема да игра во квалификациите за ЕП во ватерполо

Роберт Димитриевски

Ослабена за Небојша Милиќ, ватерполо репрезентацијата на Македонија вечерва од 19 ч во Волос ќе му излезе на мегдан на домаќинот Грција на стартот од квалификациите за Европското првенство што летово ќе се одржи во Загреб. Јунакот на историската победа над јужниот сосед од 7:6 во Светската лига минатиот месец во Скопје, кога истрела два прецизни проектила од далечина, поради обврски кон својот клуб Приморје од Котор го откажа учеството во најважната акција на националниот тим сезонава. На отворениот базен со капацитет од 300 гледачи Македонија викендов ќе брка континуитет на пласмани на еврошампионатите по извонредното деби со освоеното осмо место во Малага 2008. Таму водат првите две места од нашата група Б, во која избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ утре од 17 ч. ќе се сретнат со Франција и задутре во истиот термин со Словенија.

„Имаме и сили и искуство за нов пласман на едно големо натпреварување по Светското првенство минатата година во Рим. Грците добро ги познаваме од Светската лига. И натпреварот во Скопје, кога славевме, и тој во Атина, кога бевме тесно поразени, покажаа дека сме тука некаде според квалитетот, па нијанси ќе решаваат. Но, мечот со Грција и не е толку значаен, бидејќи, објективно, шансата треба да се бара против Франција и Словенија“, вели голманот Далибор Перчиниќ, кој со 14 одбрани беше еден од најзаслужните за големиот триумф над соседот на Олимписки.

Грците, пак, најголема надеж полагаат во Христос Афрудакис, помладиот брат на легендата на грчкото ватерполо Јоргос. Токму 26-годишниот играч на Олимпијакос ја презеде и капитенската лента од Димитрис Мителудис.

„Тој е мојот глас во водата. Има лидерски карактеристики. Ќе ни биде од голема помош“, смета селекторот Анастасиос Дубас.

Ова ќе биде трета грчко-македонск�� ватерполо пресметка во последните пет месеци. Првата во декември ја добија Грците со 8:6 во Пиреја, за во март Македонија да се реваншира во Скопје. И двете средби беа во рамките на Светската лига.

Со Франција имаме победа од 11:9 на олимписките квалификации во Братислава 2007 и пораз од 12:9 во полуфиналето на ЕП 2007 од Б-дивизијата во Манчестер. Единствениот дуел со Словенците, пак, исто така, во Братислава пред три години, Македонија го доби со 9:8 по продолженијата.

Покрај во Волос, „норма“ за ЕП-викендов ќе се брка и во Истанбул, каде што ќе играат Шпанија, Словачка, Турција и Малта, како и во Орадеа, каде што групата ја сочинуваат Русија, Холандија, Велика Британија и домаќинот Романија. Македонскиот судија Небојша Стајковиќ ќе ја дели правдата во Истанбул.


#
Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Металург за малку не успеа
Ј. Африка се надева дека Обама ќе го посети Мундијалот
Милвоки поведе во серијата со Атланта
Интер го урна митот за совршената Барса
Вардарци со победа го отворија финалето против Фени И.
Мурињо никогаш нема да ја води Барселона
Волкановска - спортска ѕвездичка што доаѓа