Атрактивната и ефикасна игра на Каталонците се загуби во челичната дефанзива на финалистот Интер
Наум Котевски
Ништото завчера стана нешто. Интер и Мурињо го изрешетаа каталонското срце без испукан куршум и по 38 години пауза италијанскиот состав ќе игра во финалето од Лигата на шампионите. Можеме вака зајадливо да констатираме, како крајно исфрустрирани вљубеници во убавиот фудбал, пред оние што мислат поинаку оправдано да не прогласат за клинички случај. Како што сето тоа оправдано на Мурињо и на Интер им влегува во едното уво, ама веднаш им излегува од другото.
Имено, реалноста вели дека ништото како филозофска категорија кога е дел од фудбалот во принцип е нешто. Општа е оценката дека Интер, кој настапи без повредениот македонски репрезентативец Горан Пандев, подвигот го направи на италијански начин (иако во првиот состав немаше ниту еден Италијанец), со многу борба, со барикада пред својот гол, со шаховски поставени дефанзивни атлети, кои покриваа се'. Самуел - ѕид, Занети - анти Меси, Камбијасо, Цезар. Игра неатрактивна за око, но игра на која сите треба да и се поклонат бидејќи беше реализирана на начин на кој никој досега не ја реализирал против Барселона.
До завчера, ама баш до завчера, и покрај водството на Интер од 3:1 во првиот натпревар (до толку беше силна магијата на Барселона), се' чинеше дека никој не може да ги сопре Каталонците. Никој освен 11 (или десет) играчи на Интер кои, како и на „Меаца“ покажаа како може да се неутрализираат ѕвездите на Барселона. Со совршена кошаркарска зона и триаголниците на Фил Џексон, ама дефанзивни. Два цврсти ѕида требаше да минат Чави и Меси за да го видат Цезар. Факт е дека и други екипи играле во слична формација како оваа на Интер. Без стриктно покривање на Меси, туку со позиционирање на првата линија на пет шест метри од Аргентинецот (Камбијасо, Киву и додека играше Мота), која ако биде пројд��на веднаш е заменета со втората линија (Лусио, Самуел).
Но, како што кажавме, никој тоа досега не го извел на така хируршки прецизен начин како Интер, кој стравичната Барса ја натера да се претвори во мал бог на просечноста, притоа дрско симнувајќи и го натписот „УНИЦЕФ“ на дресовите и сошивајќи им го на „Мурињо сингерица“ слоганот: „Голем обрт мала заработка“. Кружеа Меси, Чави, Педро како навиени, иритантно делувајќи им и на своите навивачи. „Аман, дајте гол веќе, не можеме да гледаме малтретирање“, беа коментарите на некои навивачи на интернет форумите за време на мечот.
И тој баран гол падна, ама падна доцна и тоа од сомнителна офсајд позиција во која одлично реагираше Пике. Тоа можеби беше лоша судиска одлука, како што имаше многу во двата полуфинални меча (тука влегува и едно од низата, сега само заморни прашања: дали Туре играше со рака пред Кркиќ да го даде вториот гол? - да речеме „Скај“ вели дека Де Блекере погрешил), но крајната оценка може да се сведе на тоа дека Интер и Баерн самите се пласираа во финалето. Никој друг не ги одведе таму.
Некои сметаат и дека Мота неправедно добил втор жолт картон по фаулот над Бускетс. И да е така, ние ќе кажеме дека и да останеше на терен, па и да влезеше и 12 играч, играта на Интер ќе беше идентична. Мурињо дојде тотално да се брани и се одбрани, покажувајќи дека моментно на фудбалската европска сцена работите и силите се така поставени да не може една екипа да владее во континуитет. Секоја чест за работата на дискунтинуитетот на Мурињо и Интер.
И тој и неговите фудбалер го заслужија вчерашниот неверојатен пречек на аеродромот во Милано. Експедицијата едвај се проби меѓу илјадниците навивачи кои дојдоа да им честитаат и да се фотографираат со нив. Да можеа и фановите на Реал М. ќе дојдеа да ги пречекаат. Но, тие се решија за полесната варијанта. Неколку стотици се собраа на мадридскиот плоштад среќни што се сруши можноста за сквернавење на нивното „свето место“, со таму некои Каталонци. Мурињо практично и на нив им купи влезница за финалето, бидејќи тешко дека ќе дојдеа да гледаат како Каталонците им прават журка среде Мадрид. Вака приказната за нив е малку помалку жална. Тие ќе бидат сведоци на помалото зло. Нивниот Реал М. им ги продаде на Интер и на Баерн Весли Снајдер и Арјен Робен, па сега со „уживање“ ќе ги гледаат во финалето!
Конечно за крај, иако можеше слободно да биде и почеток - дури 52 прскалки неколку минути по завршување на натпреварот се „запалија“ на тревата на „Ноу камп“, поплавувајќи го славењето на Интер. Мизерен потег на Барселона, со кој се поплави и нејзиниот трпеливо граден имиџ на фудбалски џентлмен. Каталонците, кои можеа да пратат и полицајци со водени топови, или пожарникари со шмркови, очигледно не можеа да се помират со победничкиот круг на Интер, па, како што напишаа некои медиуми, кога не можеа на терен решија да бидат победници во „отворање на браните“.
Јасно е дека „уницеф момчињата“ можеа да почекаат со наводнувањето, но сакаа да го намалат интензитетот на славењето на Интер среде Барселона. Тоа не им успеа. И тие тоа го знаат. Но, што да правиш фрустрацијата е сурова работа - од секого може да направи будала.
На секој друг Барса би му дала достоинствено да се радува...но на човекот кој пред три години викна трактори за да направат ораница од стенфорд бриџ, за човекот кој се признава само себеси и никој друг, за човекот кој сам ствара некое ривалство со клубот кој му ја даде потребната школа, и на човекот кој од фудбалот сака да створи фарса е ДОЗВОЛЕНО ДА НАПРАВАТ БИЛО ШТО...се прашувам дали конечно ќе видам текст со кој ќе им се даде признание за ИГРАЊЕТО ФУДБАЛ на момците од Барса или ќе сите ќе ги величите оние кои 30мин лежат на терен и прават фарса од најважната споредна работа на светот???
Од: Pavel
Датум: 30.04.2010 00:38:06
Imeto Naum sodrzi "AUM", -tainstven zbor koj predizvikuva znacajni ako ne i dramaticni promeni vo zivotot na sekoj sto namerno go izgovara zborot bezbeli so takva umisla i da predizvika promeni. Taka velat posvetenite, tie sto se okultisti ili mistici. Avtorot na tekstov ocigledno eksperimentira so nas citatelite. No dopadlivo i interesno. I da si priznam, dense najprvin ja otvoriv sportskava stranica da vidam kako gospodinot AUM ja komentira pobedata na INTER. Nema sto novinarot ocigledno napreduva vo razvivanjeto na svojot sopstven stil.
Од: Strategija 11-0-0...novo svetsko cudo
Датум: 30.04.2010 00:39:52
Jas da sum pretsedatel na Inter,vcera vecer bez oko da mi trepne ke go izbrkav Zoze Murinjo,zatoa sto toa vcera Inter sto go (ako voopsto) igrase nalikuva na se samo na fudbal ne.90 % posed na topka kaj protivnikot i da se proglasam za pobednik,epten bezmoralno odnesuvanje.Kako i da e,napagjackite dzvezdi od tipot na Eto i Milito mozat da racunaat na pogolema vrednost sega,zatoa sto se pokaza deka mnogu dobro se snaogaat i kako levi,desni,centralni bekovi...Cela sreka sto igra Pandev,inace bi go zabranil Inter po ova sto vcera go priredi.
Од: eva
Датум: 30.04.2010 01:08:04
Murinjo im odrza prekrasni dve lekcii na kataloncite:
lekcija br1 vo Milano: Fudbalot e igra so 11 igraci i eden fenomenalen strateg. Mora da se napagja za da se davaat golovi
lekcija br.2 na katalonskiot teren: Odbranata e sepak najdobro oruzje za odbrana.
A Murinjo ocigledno deka moze so ekipa za mal fudbal da pobedi bilo kogo i vo lice da mu pokaze deka opsesivnosta i letanjeto vo oblaci ne go davaat posakuvaniot rezultat.
BRAVO za Murinjo i negovite fantasticni momcinja !!
Од: ljupco
Датум: 30.04.2010 01:23:16
ni eden komentar za pandev?bravo be novinaru od kade?
Од: ljubitel na fudbal
Датум: 30.04.2010 01:41:21
Kako ne Vi e sram vaka navivacki tekstovi da pisuvate? Namesto da napises za antipropagandata na fudbalot od strana na Murinjo, pisuvas gluposti. Ova sto go igrase Inter ne e fudbal, toa e nekoj drug sport. Sramota, ke igraat finale Liga na sampioni, a nemaat sut na gol cela utakmica. Ako toa za vas e za respekt, togas bravo, mnogu se razbirate od fudbal.
Од: Stole
Датум: 30.04.2010 09:23:36
A vie takanareceni navivaci na barca uste vi e tesko za ispaganjeto epa,sega ke ja izgubite i titulata vo premiera.A za murinjo ssssssssss tisina
Од: Анализатор
Датум: 30.04.2010 10:22:10
Да се сетиме само на некнашниот текст со АЛБАТРОСОТ,со која наклоност, стил ме удавии...
Е сега ситуацијата БИТНО е сменета и како Читател веке чувствувам комплетно голем напредок
(Додека го читав текстот немав таква тегоба на душата да го исчитам)
Од: Antonio
Датум: 30.04.2010 10:42:00
После двомечот, Интер 100% заслужи да оди во финале. Прва екипа која го победила Гвардиола со 2 разлика откако е тренер на Барселона (3-1 во Милано). Не постои друг начин освен таква одбрана со играчи на Камп Ноу. Мурињо изјави (на интер.ком) дека ако Пандев не се повредеше и ако Мота не добиеше црвен, Интер ќе одеше на победа! Штета што ја немавме таа прилика!
Од: ZORAN
Датум: 30.04.2010 10:47:31
gledam mnogu experti od sverata na fudbalot so jaki komentari,inter se branel inter demonstriral nefudbal,znaci koga veke komentirate pisete deka ste fanovi na barselona za da ve razbereme "plackovci" naprotiv inter ke zaigrase podobro go izdrzaa prviot pritisok i pognaa Etoo i Milito da se otvarat poveke ama crveniot karton samo ja navesti situacijata sto neminovno ke se slucuvase poslednite 20 min ..mozebi barsa ke postignese gol porano ama de blekerer ve zafrkna so crveniot karton koj patem bese prestrogo dosuden,mozebi i ke poveruvav deka e zasluzen no kamerite ubavo pokazaa deka e golem blef na buskets(najdobriot plivac sto se rodil posle TORP) i zatoa ve molam ne kukajte ne plukajte fudbalot odamna ne e samo igra tuku golem BIZNIS
Од: jas
Датум: 30.04.2010 11:52:01
i jas cekav komentar za pandev,... ke igra nema da igra, povreden e , ne e, taktika bila, ne bila , alooo0o
Од: Zoran
Датум: 30.04.2010 12:01:41
Murinjo i Inter pokazaa kako se pobeduva ne Barcelona, tuku fudbalot kako igra. Samo nekoj sto go mrazi fudbalot, moze da priredi vakva pretstava.Tie treba da im gi vratat parite na 90 iljadnata publika koja prisustvuvase na ubisvo na fudbalot na Nou Kamp. Ako vakva "taktika"dava rezultat i dozivuva hvalospevi od "strucnata" javnost i novinarite, fudbalot ke ostane bez publika.
Zatoa, neka ni ja pozivee Gospod Barcelona i drugite kako nea (za zal se poretki), bidejki, vo sprotivno, ke ni umre najvaznata sporedna rabota.
Од: Kartal
Датум: 30.04.2010 16:27:14
Sekoja cest na Inter i na Murinjo, sekoja CEST. Da igras so 10 igraci protiv Barsa i protiv sudii i 100.000 navivaci, toa go moze samo ON. Toa go napravi i Gus Hiding lani ama on nemozese samo uste protiv "sudijata".Ne e tocno deka Mota dobi vtor zolt, toa bese direkten crven, pa laporta nemase da go dosudi toa a za ofsajdot ic da ne zborime. I na kraj, Barsa si go pokaza pravoto lice- pateticno i malogragjansko
Од: fan na inter i na goran pandev
Датум: 30.04.2010 21:37:40
на мурињо проблеми му направи пандев оти се повреди сетејтесе кога интер на барса ја тепа со 3 1 пандев како изигрија 1 гол кога го дадее интер пандев одигра феноменално го завлече алвеш и снеијдер сам остана а 2 гол кога го даде интер кој му га даде топката на милито ако не беше пандев интер ке го сонуваше мадрид а што да кажам црвенио картон на мота не ферски беше даден оти Бускетц одглуми. Јас на Бускетц му препорачувам да оди у холивуд да глума