Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Спорт

Металург за малку не успеа

Тимот од Автокоманда загуби во Букстехуде со 31:28 и за два гола остана без финале во Челинџ купот

Ракометарките на Металург достојно се простија од Челинџ купот. Само два гола ги оддалечија од финалето: реваншот во Букстехуде го загубија со 31:28, а во првиот полуфинален натпревар во Скопје славеа со 22:21.

Новиот освојувач на двојната круна во Македонија буквално до крајот ги држеше во неизвесност бундеслигашот и неговите 1.200 навивачи. Тимот од Автокоманда во 23 мин. водеше со 11:10, а во две од последните три минути имаше играч повеќе по исклучувањето на Холанѓанката Дијана Ламајн, но не успеа да ја стопи негативата од три гола.

По почетното водство на Македонките, Германките дојдоа до 3:2 со двата гола на капитенот Изабел Клајн, но таа по само 6,30 минути во еден дуел доби контузија на карлицата и повеќе не влезе во игра. Букстехуде, сепак, поведе со 9:5 во 18 мин. пред да следува серијата на Металург за пресврт и минимално водство.

Составот на Дирк Лојн замина на одморот со позитива од 15:12, а само шест минути по почетокот на второто полувреме ја направи и најголемата разлика на средбата од 20:14. Но тимот на Крсто Петрушевски немаше намера да го положи оружјето и во 41 мин. повторно се врати на три гола негатива (21:18), заканувајќи се речиси до последниот звук на сирената. Оттаму и еуфоријата во салата по мечот, дотолку повеќе што Букстехуде само три дена претходно доживеа елиминација уште на стартот од плејофото во Бундеслигата, па рехабилитација бараше преку Челинџ купот.

Покрај во фактот дека далеку ја натфрли првичната цел да се помине барем едно коло на европската сцена, најдобрата женска ракометна екипа во Македонија сезонава во Мирјета Бајрамовска го доби и новиот најефикасен стрелец во Челинџ купот. Осумте гола во гратчето близу Хамбург му помогнаа на левиот бек да ја помине Алжирката Набила Тизи од Безансон и да избие на чело на листата на стрелците во ова натпреварување со 69 погодока. (Р.Д.)

Букстехуде - Металург 31:28



Полувреме: 15:12. Сала: „Норд“ во Букстехуде. Гледачи: 1.200. Судии: Арнстен и Гулаксен од Норвешка. Седмерци: Букстехуде: 4/5, Металург 4/4. Исклучувања: Букстехуде: 4 мин., Металург 10 мин.

Букстехуде: Краузе, Д. Клајн, Воде 2, И. Клајн 2 (1), Фишер 2, Билау 10 (3), Лиц 4, Шмешке, Хенце 5, Ламајн 1, Штапелфелт 5, Олденбург, Приор. Тренер: Дирк Лојн.

Металург: Т. Андреева, Крстевска, Новеска 1, Алими, Мечевска 7, Д. Ѓорѓиевска 2, Бајрамовска 8, Десподовска, Е. Ѓорѓиевска 6 (4), Пешевска, Николовска 1, Величковска, Митрова 3, А. Андреева. Тренер: Крсто Петрушевски.


#
Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 30.04.2010 00:36:56
kaj e sea toj ohriganecot so vikase deka ke gubat so 10 minimum samo ste ljubomorni sto vie nemate nesto vakvo
Од: Ali
Датум: 30.04.2010 10:45:08
Bravo Metalurg,vcera rekov deka imate sansi,i navistina imavte sansa.Sekako ste za pofalba,sto ne im se predadovte lesno na favoriziranata Germanska ekipa.Sepak mislam deka Metalurg treba da kupi uste 3-4igraci ako saka uspesno da se natprevaruva idnata godina vo kupon na sampionite.So sreka i ve cekam vo Norveska

Најди! во Утрински
Спорт
Без Милиќ во Волос
Ј. Африка се надева дека Обама ќе го посети Мундијалот
Милвоки поведе во серијата со Атланта
Интер го урна митот за совршената Барса
Вардарци со победа го отворија финалето против Фени И.
Мурињо никогаш нема да ја води Барселона
Волкановска - спортска ѕвездичка што доаѓа