Шестгодишно дете се удави во канал
Во каналот за наводнување што минува низ гостиварската населба Малеарди се удави шестгодишно дете.
Според првичните сознанија, денеска околу 14 часот детето паднало во каналот низ кој тече вода за наводнување. Откако водата го повлекла детето, била алармирана полицијата. Водата била запрена, а телото на детето пронајдено на 2,5 километри оддалеченост, во близина на станиците за технички преглед.
Медицински екипи се обиделе да го оживеат, но не успеале. (МИА)
|