БИТОЛА - Пеце Брцановиќ (25), работник во РЕК „Битола“ се здобил со тешки скршеници по телото на работно место во депонијата на рудникот „Суводол“. Битолските лекари велат дека тој два дена е под опсервација, но е надвор од животна опасност.
„Има сериска фрактура на ребра, три ребра лево му се скршени, а нагмечен е и еден лумбален прешлен“, изјави д-р Димче Кузмановски, директор на битолската клиничка болница.
Несреќата се случила завчера околу пладне, но се' уште нема информации за причините. Неофицијално се зборува дека Брцановиќ се повредил додека работел на ремонтот на системот за дотур на јаглен. (А.Б.)
Kade e transparentnosta za REK Bitola? kade se novinarite da postavuvaat prasanja? Se srusi bagerot vo Suvodol, rakovodstvoto na REK (citaj neuki vmrovci!) ne dozvolija da se snimi havarijata. Sega se povredil rabotnik za vreme na remont, povtorno molk. Ova se temni vreminja za Makedonija